Старшип, назад во гаража

Тестирањето на вселенскиот брод на СпејсИкс, Старшип, вчера заврши со масовна експлозија на космодромот во Тексас и признание од Илон Маск дека „ова не е добро“.

Експлозијата се случува за време на секвенцата за стартување на моторот, кога одеднаш од сите мотори се појавуваат огнови, по кои следува сив чад. По расчистувањето на чадот, на леталото не било забележано надворешно оштетување.

Лани, СпејсИкс доби договор од НАСА од 3 милијарди долари за користење на Старшип леталото за враќање на астронаути на НАСА на Месечината.

Старшип е составен од два дела: големо вселенско летало во кое се сместени екипажот и големи сателити и ракети кои треба да го испратат леталото во вселената.

Вчерашната хаварија се случи во ракетниот систем кој наводно има повеќе од 30 ракетни мотори и е помоќен од која било ракета што човештвото до сега ја има лансирано. За споредба, ракетата со која пред 50 години беа изведени НАСА Аполо мисиите до Месечината имаше само 5 големи главни мотори.

Снимката од лансирањето ја прокоментира и Маск според кого проблемот е со криогенското гориво чие испарување ја зголемува опасноста од експлозија посебно во атмосфера богата со кислород како што е на Земјата.

 

13 јули 2022 - 12:13