веб класици:

(Драги) камења на македонското новинарство

Колекција создавана десетина години, во редакциите на неколку македонски дневни и неделни весници, со цел уредниците и редакторите на ваквите писанија да се изборат за право на бенифициран стаж. Добра вест: дел од авторите на лапсусите во меѓувреме го напуштија новинарството. Лоша вест: дел од нив денес се угледни и влијателни репортери и уредници. Или заминаа во политичари.

Нетрпението меѓу неа и нејзиниот татко започнало да расте од моментот пред извесен период, кога нејзиниот татко започнал да се забавува со извесна жена од Куманово.

Возилата одбегнувајќи ги дупките по патот и разминувајќи се со другите возила си ги уништуваат своите, а одозгора на маката да се разминат се гребат од високите тротоари.

Претседателот ја запозна високата гостинка со напорите на Македонија за ублажување и совладување на бегалската криза, при што се соочуваше со големи тешкотии.

Официјалните лица од Алторп, вечното почивалиште на принцезата Дајана, ги негираат неодамнешните извештаи за рапидно намалување на луѓето кои го посетуваат ова место.

Во амбулантата во Влае е сместена и Дневната болница за лечење психолози.

На филмот за прв пат дебитираше и Елизабет Тејлор.

Кога тие пристигнале на местото, двајцата нивни колеги се уште јаделе ќотек.

Од ударот Саше летал 10 метри низ воздухот.

Во скопските земјоделски аптеки велат дека граѓаните секојдневно бараат помош од овие штетници.

Двајца борбени авиони МиГ-21 на индиската армија вчера се судрија на пистата...

Минини влегол среде базиликата во која папата ги врши најзначајните богослужби вооружен со пиштол и си пукал во устата.

Кога мислам на членови мислам на постојани.

На изложбата се пријавија 128 кучиња.

Авторката Памела Кју вели дека сепак се согласува со бојата на косата на неговата девојка Вики Луис.

На слободните Ваги им претстои крајно возбудлива и интересна недела, испреплетена со драматични ситуации како во најдобрите љубовни драми, се разбира со среќен хепиенд.

Новогодишните пакетчиња ги подарува хуманитарното здружение "Нов живот", кое ќе додели 70.000 деца.

Ова моментно е најмодерната фризура - вели Енцо Ангилери, кој своето мислење го дели со фризурите на Ел Мекферсон и Рита Вилсон.

Кога се во игра Водолијата, Скорпијата, Бикот и Лавот се одвиваат промените, тежнеејќи да ја задржат постоечката состојба.

Имајќи ја вашата мирна природа, промените не ви паѓаат тешко, бидејќи ретко знаете дека претходно било поинаку.

Кога ќе ни удри рибата со краток покрет се закачува и штекот не се крева нагоре туку се гура со двете раце.

Ако се сокрие вистината, никој нема да знае, кој кому му помага, бидејќи нешто може да се сокрие, но после шупелката ќе свири нешто чудно.

Во минатата година голем дел измами се извршени така што измамниците се претставувале како Арапи, Сиријци, Косовци или жители на други држави кои направиле сообраќајка со Македонец.

Му оддадоа почест на еден од своите, паднат во борба за време на неговиот погреб.

Непознатиот со неколку удари го удрил по глава Мехмет.

Нивниот впечаток за мерките на меѓународната заедница основна работа е што не можат да ја контролираат границата.

Тој објаснува дека деновиве претставниците на сите фабрики чија основна суровина е шеќерот, утре треба да се сретнат со фабриката за шеќер и да се утврди цената и начинот на плаќање на шеќерот.

Има и сексуално малтретирање на девојчиња, момчиња и деца.

Виолета Миленковска, сопруга на чаирскиот градоначалник и на Ѓорги Павловски.

Седумдесет и двегодишната Перса Поцева и нејзиниот сопруг Димитар (77) во неделата наутро со запрежна кола заминале во околината на селото за да берат дрва.

Неколку часа подоцна Поцеви тргнале назад, но биле пресретнати од пожар.

Пред шалтерите на телеком вчера имаше големи турканици кои бараа претпријатието да им овозможи да го платат долгот на неколку месечни рати.

Одбраната побара ослободителна пресуда, бидејќи осудениот Имери се заколнал во Господ и во брат му.

Пет милиони долари награда за убијците на новинарот Перл.

Според надлежното министерство, кај нас нема доволно психофизички здрави деца што би живееле во селото.

Автомобилот "ауди", кој го управувал Ќемал Реџеповски, од засега непознати причини удрил во својата внука Марија Реџеповска која во моментот си играла во дворот.

Синодот едногласно и со индикација ги отфрла одлуките и ставовите на Светиот архијерејски собор.
(индигнација)

Кога ќе се породат раменцата и рачињата (на бебето, н.з.), Вие сте на ред.

Џони Деп одлучи да снима документарен филм за славниот гитарист на „Ролинг стоунс“, Кејт Ричардс.

Умре Ајк Тарнер, американски музичар, еден од пионерите на соулот и рокенролот, лидер на групата "Кингс оф Тхутхум" (оригиналот е: The Kings of Rhythm)

Во 1991 година Ајк и Тина се прогласени за славни рокенроли.

Тие велат дека со тој начин буката во автомобилите ќе се смали за повеќе од 50 насто и ќе се вградува во сите модели.

Факултетот за музичка академија.

Новиот Мицубиши Ево В е извонредно направен, рафиниран, практичен и доволно лесен за возење, што според некои први забелешки на тест возачите, тој може да го управува и вашата баба.

Потпишале договор со Љубљанска банка за откуп на околу 28.921 акција на Љубљанска банка.

Патниот сообраќај на приодите кон Атина е блокиран на повеќе места, бидејќи силните дрвја корнеа дрвја и ги фрлаа на коловозите.

За да може оваа улица да влезе во градилиштето треба дозвола за времено затворање на истата да даде Министерството за сообраќај и врски.

Архитектите, членови на иницијативниот одбор граѓани од Дебар Маало и Буњаковец му забележуваат на нацрт-планот зошто нема одржано стручна расправа и нема изготвено елаборат за фактичката и катастарската состојба.

Со ногата удрил во вратата на едно такси што одбило да го превезе.

Законот за отпад ќе биде многу ригорозен, а комуналните инспектори ќе го држат стапот.

Ѕвездата на Портланд во октомври 1996 година од страна на еден полицаец на задното седиште од неговиот автомобил му беше пронајдена необработена марихуана.

Наместо да се изградат до крајните рецепиенти тие се заборавени тука некаде.

Концепцијата на квизот ќе остане иста, а степенот на среќа ќе биде намален.

Цената на едно ноќевање се движи околу 1.368 франци.

Околу дупката постои замислен круг кој се нарекува хоризонт на случувања кој ако го премине било материјален објект, било енергетско зрачење, ќе биде вовлечена во дупката.

Четворица масирани, со чорапи на главите, нападнале жител на селото.
(маскирани)

Разговорот го почнавме во офицерскиот клуб, на чии ѕидови беа закачени монарсите од нордиските земји.
(слики од монарсите)

…ни изјави Манасков во телефонскиот разговор кој моментно се наоѓа во Унгарија.

Андреа Јосифовски, директор на Макпетрол, рече дека годишно државата губи околу 10 милиони долари, поради нелегалната трговија со дизел горивото и керозинот кои одат во приватни џебови.

Нашиот македонски народ е навистина редок народ, не голем по број и територија, но како народ сме многу големи.

Следниот ден во медиумите беше пренесена изјавата на Родман, која рече дека тој ја сака Кармен и е горд што е женет со неа.

На реката Пчиња до уливот на Крива река рибата многу слабо работи.

Мурати бил болен од шеќер, а Емини го болеле раката.

Папата решил да ги прекрши процедурите во случајот на Мајка Тереза, која почина на 5 септември 1997 година по барање на многу римокатолички бискупи.

Тоа е најголемата бројка што некоја женска пејачка досега ги имала.

Беше предвидено летнување на уште неколку лета со непрецизирани дестинации.

Скопјанката Сание Чајани доби повреда при експлозијата на направа во стомакот.

Писмото досега не беше потпишано поради административен карактер.

Делот кој што го сече Ново село велиме дека не треба да го сече и дека ќе треба градот да се шири нагоре. Проблемот е само сечењето низ Ново село. Наш став е дека обиколницата кај Ново село мора да се заобиколи.

Тој е хоспитализиран, поради фактури на обете нозе.
(фрактури)

Војник на НАТО извадил пиштол во моментот кога поминувало воено возило со француска ознака во која се возел.

Домот, семејството, пријателите, на некој начин ви сметаат но тоа вам не ви пречи.

21 ноември 2016 - 16:37