Месечина за Месечината

Земјата ја има својата лојална Месечина. За да не биде фрустрирана, ќе и донесеме нешто да се врти околу неа.

Човештвото не може да се пофали со грандиозни постигнувања надвор од полето на гравитација на Земјата откако стапна на Месечината: направил убави фотки од Сатурн и пуштил количе да талка по Марс. Следниот чекор е нешто повозбудлив од досегашните: да се довлечка помал астероид во орбитата на Месечината и тој да биде нејзин сателит.

Предлогот од Кек институтот за вселенски истражувања НАСА го нема одбиено а би чинел неколку милијарди долари. Се предлага да се одбере астероид тежок околу 500 тони, по него да се пушти летало кое ќе го довлечка до орбитата на Месечината и да се пушти да врти околу неа како нејзина минијатурна Месечина.

Ваквиот проект кој би траел 10-тина години би ги помогнал идните истражувања на вселената така што ќе служи како полигон за испитување на можноста за копање драгоцени минерали како платина од астероиди и искористување на нивниот кислород и јаглерод за енергија за вселенски станици. Истовремено би помогнал да се испитуваат начините на кој астероидите можат да се пренасочат за да не треснат од Земјата и би го донел човештвото чекор поблиску до дамнешната цел за поставување трајни населби во вселената. 

 

5 јануари 2013 - 07:50