И вљубеноста има факти

Пред да се фукнеме на лозје и да потпишеме целодневен ангажман за Трипун, еве неколку битно - небитни факти за Валентајн.

Во Јапонија, Валентајн е женска обрвска. Тие купуваат слатка и дрангулии денеска. Мажите возвраќаат еден месец подоцна, на Белиот ден, 14-ти март.

Денес во Америка се преполни големите ланци за џанк фуд. Нивната посета на овој ден започна како облик на мал отпор против комерцијализриањето на љубовта и романтиката, ама попат масовно им се засвиѓало на луѓето па денеска некои од нив работат само со резервации.

Валентајн е забранет во Саудиска Арабија. Сериозно забранет. Постои верска полиција која е задолжена да спречи било какво купување цвеќе, слатка и подароци, дури и црвената боја денес е забранета со фатва против безбожни празнувања. Продаваш срценца, ти затвораат дуќан. Доаѓаш на школо или работа во црвено, и не те пуштаат.

Постојат два Свети Валентина во историјата кои денеска ги слави католичката црква. Едниот од Рим, другиот од Терни. Ниеден од двајцата нема никакви романтични елементи во својата биографија.

Барби и Кен раскинаа во 2004-та година. Врската им траеше 43 години а како официјална причина за раскинот, произведувачот го наведе одбивањето на Кен да се жени. Лани, на Валентајн, пак се фатиле.

Индија го слави денот на љубовта 9 месеци подоцна, на 14-ти ноември кога е националниот Ден на децата.

Во Јужна Кореја секој 14-ти во месецот е некако поврзан со љубовта. Денеска жените тинтраат, во март мажите а на 14-ти април оние кои не добиле ништо ја обележуваат својата осаменост така што одат во ресторан и јадат црни тестенини.

Нема логика ама на 14-ти февруари значително е поголем бројот на пораѓање во САД (оние кои можат да бираат, го одбираат тој ден). Обратно, на Денот на вештерките е далеку помал на новороденчиња од околните денови.

Научните скенирања на мозокот велат дека е потребна една петина од секундата за човек да се вљуби. Во акцијата учествуваат 12 различни региони од мозокот.

Пред да стапи човек во брак, просечно се вљубува 7 пати.

Вљубувањето, во просек, повлекува губење на двајца пријатели.

Американскиот претседател Хари Труман ја нашол љубовта на својот живот кога имал 6 години. Таа имала 5. Подоцна се земаат и тој вели дека никогаш во животот не помислил на друга жена.

14 февруари 2013 - 11:14