Таг: вселена

Барби стварно стигна до вселената

Во 1965 излезе Барби-космонаутка, а сега, благодарение на Меѓународната вселенска станица, куклата отпатува во вселената.

Дали е време да ја обновиме нашата порака до вонземјаните?

Се вика „Пораката од Аресибо“ и претставува меѓуѕвездена радио порака која вклучува основни информации за човештвото и Земјата. Испратена е кон ѕвезденото јато М13 во 1974. Група научници сметаат дека по речиси педесет години, време е малку да се освежи.

Џеф Безос ќе прави канцеларии во вселената

Не е дека Безос сака да избега од сите вас, ама кога би посакал би имал канцеларии и хотел во вселената, кои би требало да му се готови до крајот на деценијава.

НАСА пушти ценовник за туристички тури во вселената

Агенцијата објави дека ја отвора Меѓународната вселенска станица за комерцијален бизнис (и посети). За почеток понудите се без ол-инклузив.

Ѓубре или уметност?: уметнички дела во вселената

Разликата помеѓу културен артефакт и вселенски отпад е тешка за одредување, па дури и (или особено) стотици километри над Земјата.

Вселената астронаутот го расте

Не е чудно астронаут во вселената да порасне пар сантима поради недостатокот од гравитација што му овозможува на р'бетот да се издолжи. Но, јапонскиот астронаут кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица ја претерал. И сега се секира дали ќе го собере во седиштето во кое треба да се врати на Земјата. 

Милијардерите ја освојуваат вселената

Иднината на вселенската политика ја трасираат повеќемина многу богати индивидуалци, како преку вложување пари, така и преку нивно влијание. Некои од нив ги води научна љубопитност, некои гледаат комерцијален интерес.

Зошто баш Лајка?

На 3-ти ноември 1957 Советите ја качуваат Лајка во сателит и ја лансираат во вселената, со што џукелата од московските улици станува првото живо суштество од Земјата што патувало во вселената.

Хјустон, стварно имаме проблем

НАСА останува без најдрагоцениот елемент неопходен за идните вселенски мисии. Останува без гориво без кое не може да се добаци до тие планети кои се поџенем и од Брајчино. Пу, ама не јаз'к туку 238. 

Maл чекор: дизајнирано чергиче за пречекување вонземјани

Ако навистина некаде низ космосот има вонземјани, зошто тогаш никогаш не сме ги виделе? Па можеби затоа што не сме ги ни поканиле и дочекале како што треба, онака по домаќински, со чергиче за бришење нозе пред врата.

"Вселенски сили" на САД

Американците планираат оформување на "Вселенски сили" кои би биле посебна, 6-та, гранка на вооружените сили на земјата.

Најважните детали од планот на Елон Маск за стигање до Марс

Маск во журналот Нова вселена прв пат подетално го образложи својот план за човековото стапнување на Марс. Иако најголемиот дел се уште е во фаза на планирање, логиката на Маск е дека објавувањето на плановите е важен прв чекор за идејата за стигнување до Марс да почне да изгледа како изводлива за човештвото.

Кога физичари ќе се запукаат

Два кампа теоретичари кои се занимаваат со најзаплетканите аспекти на постанокот на космосот, деновиве се караат како стрини. Господ мава лајкови. 

Големината е релативна

И тоа не ти е само оправдание пред самиот себе (и другите што се засегнати).

Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво

Научници од универзитетот во Порто Рико изготвија каталог на планети надвор нашиот сончев систем кои се потенцијално вселиви и погодни за живот. На нивното мени моментално има 32 планети.

Како СССР го претрка САД до Месечината

Трката за Месечината започнува многу години пред првите стапки и првите цитати на Нил Армстронг, и сето ова едно време изгледа како Советите комплетно да ги имаат поразено Американците.

Вселенски земјоделци

Земјоделството никогаш и никаде не било лесна работа, ама па и никогаш и никаде не било толку напорно да обработуваш земја на планетава за да решиш дека веројатно повеќе ти се исплати да почнеш со аграр во вселена.

Престанавме да сонуваме

Никој не сонува за градот на утрешнината, никој не сонува за животот во утрешнината, никој не сонува за домот на утрешнината, никој не сонува за транспортот на утрешнината. Сите ја имаат заборавено идната, секој планира за извештајот за овој квартал или за следните избори, "утрешнината исчезна." Нил ДеГрас Тајсон за тоа како ние луѓето заглавивме на Земјата.

Нов фотографски жанр: егзобиотаника

Фотографирањето на икебани, букети и дрвја на земјата веќе станува банално. Сега му е мајката да качиш растенија во вселената, и таму да ги фотографираш. Ништо чудно во следна фаза вака да се прават матурски таблоа, со луѓе. 

„Гравитација" (2013)

Вселенска одисеја која визуелно ќе ве остави без здив, а сценаристички ќе направи да се запрашате - зошто имало потреба во таа величествена тишина некој воопшто да отвара уста?

Месечина за Месечината

Земјата ја има својата лојална Месечина. За да не биде фрустрирана, ќе и донесеме нешто да се врти околу неа.

Нацијата што престана да сонува

Дел од документарецот на Neil deGrasse Tyson (еден од најбрилијантните научници на денешницата), за тоа зошто САД се откажа од вселената. "Колку би платиле за Универзумот?"