Читајте им на децата нешто тешко

Во моментот кога детето ќе може да чита лесни книги, ваша задача како родител е да почнете да му читате тешка книга што е далеку над неговиот капацитет, порачува авторот на книгата Teach like a Champion, Даг Лемов.

„Да, охрабрете ги вашите деца да вежбаат декодирање и течност на текстови што се за нивна возраст. Меѓутоа имајте предвид дека кога им читате од книга што е покомплексна отколку што можат сами да прочитаат, ги подготвувате за потешките задачи: разбирање на тешки идеи и комплексни текстови“, објаснува Лемов.

Бенефитите од ова се движат од очигледните, дека детето ќе биде изложено на покомплексен речник, до помалку видливите, како тоа дека изложувањето на покомпликувани реченици и поразвиен заплет подобро ги подготвува за подоцна кога ќе треба сами да се справат со такви ситуации.

Дополнителна придобивка е што книгите користат зборови што ние не ги употребуваме во секојдневниот говор, поради што единствен начин за децата да ги научат овие зборови е да ги прочитаат.

Лемов посочува дека воведувањето тешки книги значи дека тие ќе треба да се справат со комплициран заплет додека е до нив има возрасен, кој може да им помогне да го дешифрираат проблемот, на пример Господарот на прстените или Хари Потер на 6-годишно дете.

Тој не препорачува мешање во изборот што ќе читаат децата и смета дека тие за тоа треба да бидат оставени сами на себе. Неговото противење е на ставот дека за децата да засакаат да читаат, читањето треба да биде лесно. Тој „има повеќе верба во децата“ и смета дека тие можат да се справат и со потешки содржини сè додека има родител или некој возрасен што ќе им помага по пат.

15 септември 2016 - 12:54