Малку поинакво интервју

12 прашања за Вуди Ален

Роберт Вејд, трикратен добитник на наградата Еми, најпознат по неговите документарци за браќата Маркс, Лени Брус и по соработката со Курт Вонегат, во 2011 прави филм за Вуди Ален. За да не повторува излитени прашања, одлучил да биде креативен.

И на моменти навистина е, често поставувајќи му прашања на Ален кои на индиректен начин се веќе загатнати во неговите филмови, илустрирајќи ги со исечоци од истите, или асоцирајќи на неговите бројни и надалеку прочуени стравови. На пример, што би одбрал - половина час во заглавен лифт или цел ден со кучиња и мачки во собата, дали побргу би се откажал од гледањето филмови или од следењето спорт, дали некогаш имал долга брада?

Вуди изгледа навистина заинтригиран од прашањата, а одговорите се често неочекувани.

30 ноември 2012 - 08:29