Торонто ќе прави самопридонес

Скопјани со самопридонес го изградија езерото Треска (ене го, запуштено) ама и одбија да дадат пари за трамвај (ене го, го нема), делумно од што се слепци, делумно од што на доцните социјалистички власти не можеше да им се верува каде завршуваат парите (оти па сега може). Неколку децении подоцна од нас, Торонто решава да ја проба таа „назадна“ идеја.

Торонто со самопридонес (денес тоа се вика Crowdfunding) ќе се обиде да ја поправи својата сообраќајна инфраструктура.

Според нивниот нов план за сообраќајна безбедност со кој се планира намалување на бројот на жртвите и повредите во градскиот промет, планирано е за решавање на некои од тие проблеми да се учипат самите жители.

Со добиените пари би се забрзале и прошириле некои од започнатите проекти за улици и патишта а средствата би се користеле и за подобра сигнализација како и за иницијативи „за зголемување на свеста“.

Само што ќе се зезнат на истата финта. Предлогот кој би требало да стапи на сила идната година, предвидува собраните пари од жителите на Торонто да можат да се пренаменуваат и за други потреби на градот. Тука е заебот.

29 ноември 2017 - 13:13