Луксембург пушти гага јавен превоз за сите, затоа што им се може

Наспроти тоа што се едвај нешто над 600.000 луѓе, Луксембург константно има проблем со сообраќаен метеж. И ова планираат да го сменат со воведување бесплатен превоз.

Мерката го опфаќа комплетниот јавен превоз: автобуси, трамваи и возови, а треба да почне да важи од март 2020.

Системот на јавен транспорт ја опфаќа целата територија на Луксембург, и неговото функционирање годишно чини 491 милион евра. На овој трошок тој успева да собере некаде околу 40 милиони евра од продажба на карти.

Затоа што владата проценила дека „државата моментално е во добра форма“, таа решава дека целиот народ треба да ужива во бенефитите од добрата економија и по таа основа одлучи да ги покрие патните трошоци на своите граѓани.

Тоа што е мал, не му пречи на Луксембург да биде една од државите со највисок БДП по глава на жител во ЕУ. Ваквата позиција во комбинација со високи кирии и цени на недвижности е причина зошто над 180.000 вработени во Луксембург секој ден доаѓаат на работа од некоја од соседните држави. Кон ваквото развозување сериозно придонесува и тоа што главниот град е на половина час возење со кола од Белгија, Германија и Франција.

Во 2016 Луксембург има 662 автомобила на 1.000 луѓе, со што е на прво место во ЕУ во оваа категорија. Истата година возачите во Луксембург сити во просек минале по 33 часа во сообраќајни гужви, статистика која е далеку полоша од онаа на Копенхаген и Хелсинки (кои се земаат за споредба затоа што имаат популација колку цел Луксембург) каде просекот на време минато во гужва во текот на целата година е 24 часа.

16 јануари 2019 - 10:57