Таг: луксембург

На 8:0 селекторот на Луксембург напушти

Селекцијата на Луксембург не тера воопшто лошо во европските квалификации и со 10 бода е во игра за сензационално учество на ЕП 2024. Сè до вчера, кога си заминаа понижени од Португалија со 9:0. Селекторот Лук Холц не можеше да го поднесе срамот.

Голман од Луксембург во Скопје како паднат од Марс

Меѓународната фудбалска сцена со нашите претставници се сведе на Струга Трим Љум кој синоќа на теренот на ФФМ, во третото квалификациско коло од Конференциската лига играше против Свифт Есперанж од Луксембург, клуб кој игра на стадион со 3.058 седишта од седмата најмала држава во Европа. Каква е оваа голманска проценка во дуелот со Бесарт Ибраими кој ги реши со хет-трик?

Јунакот кој го закопа Реал во финишот, ја посрамоти и Македонија во 92-ра минута

Себастијан Тил е хит и прв играч од Луксембург кој дал во Лига на шампиони, а погодете против кој го дал деби голот за репрезентација? Квалификации за ЕП со Бошко Ѓуровски, последни на табела, се сеќавате?

Роналдо му украде гол на Жота

Португалците ризикуваа во последното коло против Луксембург на гости да останат без пласман на Евро 2020, затоа што домаќините имаа неколку сериозни шанси за гол при резултат 0-0 и 0-1. На крај Роналдо со себичен потег го реши мечот.

Автогол на колото во најнезгодно време

Луксембург се држеше со Украина, играше машки и до 93-та минута имаше 1-1 за евентуален огромен бод во групата. Ама на крај, нивниот најдобар играч Жерсон Родригеш си заби неверојатен автогол и Украина однесе 3 важни бода.

Луксембург пушти гага јавен превоз за сите, затоа што им се може

Наспроти тоа што се едвај нешто над 600.000 луѓе, Луксембург константно има проблем со сообраќаен метеж. И ова планираат да го сменат со воведување бесплатен превоз.

Луксембург ќе се откажува од Лига на нации, многу им дошле победиве

Во денови кога некои читатели ни ја расипуваат забавата со македонска репрезентација, која инаку се забавува со противниците за кои таа не е крива што со нив ја сместиле во група, решивме малку да се пошегуваме со насловот.

Чек да видиш како влечат ждрепка за Куп во Луксембург

Таман Дуделанж направи историски успех и влезе во Лига Европа па таму машки се држеше со Милан, таман нивната репрезентација врза добри резултати и конкурира за Европско, кога од Луксембург ни стига видео кое личи како да седнеш во кафана и да влечеш ждрепка со пиво и ќебапи.

Дојде и тоа време Луксембург да сонува пласман на Европско

Идејата да им се даде шанса на послабо рангираните селекции рамноправно да се борат за пласман на Европско првенство, најдобро ја користи Луксембург кој полека тргнува по патот по кој одеше Исланд.

Како Дуделанж направи чудо, влезе во Лига Европа и ќе игра со Милан

Имаат стадионче 30 пати помало од Сан Сиро. Имаат население колку една скопска општина. Тренерот Дино Топмелер е една година помлад од капитенот на екипата.

Луксембург вреди 40 пати помалку од Мбапе и има освоено 24 бода за 87 години

Како и да фати човек да го анализира синоќешното чудесно реми меѓу Луксембург и Франција, на крај само ќе заклучи дека стварно е чудесно. Се работи за 500.000 народ со вкупно пет победи во историјата на мундијалските квалификации. Судеше Александар Ставрев.

Кој е ветеранот од Луксембург кој го елиминираше Надал

34-годишниот Жил Милер во трилер-меч кој траеше 4 часа и 47 минути го совлада Рафа Надал во 4. коло на Вимблдон 6:3, 6:4, 3:6, 4:6, 15:13.

Брегзит гледа, ќар вади

Додека ЕУ и Британија ги копаат бирократските ровови за претстојната битка, Луксембург се зафати со средување и унапредување на својот финансиски систем и технологија.

Луксембуршки приоритети и владини одлуки

Луксембург донесе закон за рударење по астероиди, со кој на приватните вселенски компании им се гарантира дека се што ќе најдат додека ископуваат по астероиди и други вселенски тела ќе биде нивно.

Ќе се решава против Велика Британија во Кавадарци

Македонските кошаркари одново се измачија со Луксембург, овојпат на гости, каде победија 82:74 и задржаа какви такви шанси за второто место во групата.

Нема крај на мизеријата, Луксембург - Македонија 1-0

Македонската фудбалска репрезентација доживеа уште еден срамен пораз во тековните квалификации за ЕП 2016, откако вечерва во судиското продолжение загуби 1:0 на гостувањето во Луксембург.

Крвав судир меѓу фракциите на Бед Блу Бојс во Луксембург

Динамо Загреб синоќа го играше реваншот од квалификациите за ЛШ и победи 0-3 против Фола Еш од Луксембург, но триумфот на Модрите остана во втор план поради сериозните инциденти кои направиле фракциите за и против Здравко Мамиќ

Голот на Абдурахими меѓу најатрактивните во квалификациите

Проектилот на македонскиот репрезентативец против Луксембург со кој во последните мигови од средбата донесе победа од 3:2, УЕФА го смести помеѓу топ 5-те голови во досегашниот дел од квалификациите за ЕП 2016.

Џокерот Абдурахими во 92 минута и донесе победа на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со многу маки стигна до прва победа во новиот квалификациски циклус и тоа со пресврт против аутсајдерот Луксембург од 3:2.

Македонија–Луксембург ќе ја суди Италијанецот кој му уништи финале на Пандев

Паоло Мацолени е назначен за главен арбитар на вториот квалификациски меч на нашиот национален тим кој ќе го игра в четврток на „Филип Втори“. Има судено градско дерби во Рим, Милано и Џенова, а среќа му донесе на Муарем Муарем.