Лентите за велосипеди ќе бидат извадени од постојните улици, и комплетно ќе бидат одделени со тротоар или помала бариера (во зависност од просторот) од автомобилскиот сообраќај.
"Ефектот е хуманизирачки, цивилизирачки, опуштен, маѓепсен. Ова го прави градот попривлечен. Освен ова ги побива постојаните поплаки дека притисокот за велосипедски рути низ Лондон е опсесија на мала клика машки велосипедисти од средна класа. Поентата е дека ако создадеш побезбеден велосипедизам сигурно создаваш и по инклузивен велосипедизам," објаснува Питер Вокер од Гардијан.
На поплаките дека со додавање на нови ленти ќе се намали просторот за автомобили, кој и онака го нема, објаснувањето е дека големата визија за иднината на Лондон предвидува намалување на автомобилскиот сообраќај во и низ градот.
Автопатот за велосипеди е дел од 900 милиони евра вредниот проект за унапредување на велосипедизмот во Лондон.