Готови сме, руската пропаганда нè потопи!

Кога човек ќе прочита дека на македонската Твитер сцена „дрмаат“ пет про-руски профили, не може да не се насекира дали оние десетици милиони американски долари за спречување руско влијание ќе бидат доволни да ги неутрализираат овие „мало нас је ал смо говна“ (бугарски: „малко сме, но сме лайна“) подмолни агенти. Не ги дознавме кои се, ама малку се занимававме со бројките.

Тема: Како војната за Украина се води на македонската твитер-сцена каде што „дрмаат“ пет проруски профили

Од вкупно анализирани 513.000 твита, 41.000 се однесувале на политика. Тоа е 7,9 проценти, изненадувачки малку, ама, баш фино.

Од 41.000 политички твитови, 7.000 биле за „Украина, Русија плус Путин“. Тоа се 17% од политичките твитови и 1,3% од вкупниот број твитови.

Од оние 7.000 твита за „Украина, Русија плус Путин“, петте озглогласени про-руски твитерџии (не се наведуваат) стоеле зад 15% од содржините.

15 проценти од 7.000 се 1.050 твита.

1.050 твита се 2,5% од сите политички твитови , односно 0,2% од вкупниот број анализирани твитови.

Ете, тоа се бројките (Дигитронот: Ако грешам, нека изгорам). Нашле 2,5 односно 0,2 проценти, и тоа е доволно за онака драматични наслови „Како војната за Украина се води на македонската твитер-сцена каде што „дрмаат“ пет проруски профили“.

И да, имале јасни индиции дека се работи за организирана руска пропаганда. Офкорс.

2,5 односно 0,2 проценти! Тое биле твитовите кои ДОМИНИРААТ на македонската Твитер сцена, тоа биле твитерџиите кои ДРМААТ.

Додека преспанските бројлери направиле онолкаво истражување за да можат да драмат за илјада твита на пет твитерџии, истражувачка девица останува веста дека САД во Македонија имаат истурено 67 милиони долари за спречување странско (руско) влијание. Кои медиуми, владини и невладини организации ги добиле тие грдни пари - мукла. А сите тие, јелда, работат транспарентно.

Извршен директор на Институтот Преспа е фамозниот Андреја Стојковски, медиумски неписмениот дечко кој не знае ни жална вест нормално да протолкува и кој јадеше воспитни на отворена сцена за неговата Северна.

Види:

За оние кои не одат подалеку од насловот 

Оксфордски заушки за Северна 

п.с. Не се секираме ние за оние 67 милиони. Ние знаеме дека вредел секој цент.

п.п.с. Чувајте не нас за кога ќе се спука со Кина, едвај чекаме да читаме како нè плаќа Пекинг.

11 февруари 2023 - 09:23