Елон Маск реши дека иднината е соларна шиндра

Наместо да местиш кров па на него да монтираш соларни панели како пештерски човек, зошто уште од старт кровот да не го покриеш со соларна шиндра што ќе ти произведува струја. Или по зборовите на Маск "тоа не е некоја работа на кровот, тоа е кровот."

Проектот ќе се тера преку Соларсити, компанијата на Маск што ја раководи неговиот братучед Линдон Рив. Математиката на Рив се базира на фактот дека годишно во САД се поставуваат 5 милиони нови кровови. Бидејќи почетните трошоци за соларни панели можат да предомислат човек, со новата соларна шиндра "ти убиваш две птици со еден камен: заменување на старите кровови пред распаѓање, со нови, соларни кровови."

Соларната шиндра ќе биде промовирана некаде во четвртиот квартал од 2016, најверојатно по завршувањето на процедурата за спојување на Соларсити со Тесла. Освен ова нема никакви дополнителни информации околу производот (цена, технологија, начин на функционира, капацитет и слично).

Соларсити веќе нуди сончеви панели за приватни корисници што можат да се искомбинираат со нивната батерија за чување на вишокот струја.

 

19 август 2016 - 11:07