Горди и безработни мажи

Не како резултат на моментални финансиски кризи и рецесии туку на подлабоки општествени промени, во подем е една нова категорија на мажи, мажи што не работат.

Во 70-тите години, само 5,5 проценти Американци на возраст меѓу 25 до 54 години биле официјално водени како работно неактивни (нит имаат, нит бараат работа).

Оттогаш, оваа каста постојано расте. Не како резултат на финансиски кризи бидејќи неработни мажи помалку произвела самата рецесија од 2001-ва, отколку времето на закрепнување после неа. Бадијалџиите растеле дури и за време на златната финансиска епоха на Реган.

Што се случува?

Денес е полесно да се живее невработен (заради достапноста на социјални програми), браковите се намалуваат (помалку мажи кои стануваат за работа заради децата) а интернетот расте (а тој го намалува чувството на изолираност на бадијалџијата).

Од друга страна, во меѓувреме се десеткувани индустрии кои традиционално се сметаа за машки: од 2008-ма до денес, градежништвото и мануфактурата бројат 3 милиони работни места помалку. Поради тоа, во делови од САД како источно Кентаки, 50 проценти од работоспособните мажи денес немаат работа. А очекувањата се дека и во иднина, ќе растат професионалните перспективи на "женски професии" како што се оние од областа на личната нега, медицински сестри, маркетинг....

А гордоста е инертно чувство па на многумина мажјаци им се чини поприфатливо да не работат ништо отколку да влезат во професија која им се чини женска.

Економијата не го остава зад себе мажот, но ја остава машкоста. Машините одамна ги заменија мускулите кои го изнесоа 20-от век, отворајќи повеќе простор за работи во кои е потребен понежен допир, пишува Атлантик.

25 декември 2014 - 13:04