Таг: соларна енергија

Соларните планини на Кина

Добро: одлични за гледање и произведување струја. Лошо: оди исчисти ги или смени скршен панел.

Соларни математики од Маск

Од еден квадратен километар од соларна енергија се вади 1 гигават струја. Од еден квадратен километар со стандардни извори се вадат 200 мегавати струја.

На секој 1 долар што Америка го вложува на обновлива енергија, Кина вложува 3

За да ги премости сите можни недоразбирања и препреки во ширење на пораката, Кина одлучи својата решителност околу посветеноста на обновлива енергија да ја покаже со пари.

На Саудиска Арабија и дојде до Сонцето

Во своето планирање за периодот откако ќе ја потрошат целата нафта Саудијците го најавија најголемиот проект за производство на соларна енергија во светот, со капацитет од околу 200 пати повеќе од најголемата соларна електрана што денес е во погон.

Цела Европа на струја од Африка?

Стотици заоблени огледала, од кое секое со големина на автобус, се наредени во редови што покриваат 1,4 милиони метри квадратни од мароканската пустина, што (во подеднакво незамислив приказ) е колку 200 фудбалски стадиони. Идејата е Мароко еден ден од комплексот да пушти продолжен кабел за струја до Европа.

Азиска супермрежа за напојување на светот

Планот на Кина, Русија, Јужна Кореја и Јапонија е електрична мрежа од илјадници километри со капацитет од 1000 киловолти која ќе ги поврзе областите од светот кои се најпогодни за производство на енергија од обновливи извори, со областите од светот кои најмногу трошат електрична енергија.

Маск ги презентираше соларните керамиди

На една од сцените во Универзал Студиос, Елон Маск го презентираше следниот чекор од својот мастер-план: нова и зголемена верзија на Пауервол батеријата за соларна енергија, и соларни керамиди / кровови кои освен што се одлични во генерирање струја, "ќе ги направат вашите соседи љубоморни, исто како што тоа го прави Тесла Модел С паркирана во вашиот двор."

Елон Маск реши дека иднината е соларна шиндра

Наместо да местиш кров па на него да монтираш соларни панели како пештерски човек, зошто уште од старт кровот да не го покриеш со соларна шиндра што ќе ти произведува струја. Или по зборовите на Маск "тоа не е некоја работа на кровот, тоа е кровот."

Има ли соларна ќелија во авионот?

Комплетиран е првиот лет околу светот изведен комплетно со помош на сончева енергија. Убава приказна е тоа, а цреша на шлагот е името на пилотот: капетан Пикар.