Аукција на паркинг места

Рим е толку полн со автомобили што човек ни за пари не може да најде слободно паркинг место. Но, она што не може со пари, може со - повеќе пари.

Контроверзната мобилна апликација од Италија MonkeyParking им дава шанса на оние луѓе кои со својот автомобил кои залудно вртат наоколу барајќи слободен паркинг, да им понудат пари на паркираните за да им ослободат место.

Вака функционира: на мапата од градот се бира место на кое сакаш да се паркираш и се нуди сума (моменталните опции се од 5 до 20 долари). Оние кои се листирале во тој реон добиваат нотификација дека некој е спремен да плати за нивното место. Можат веднаш да прифатат, да почекаат дали некој ќе почне да наддава или пак да ја игнорираат понудата.

Минатиот месец апликацијата била тестирана и во Сан Франциско и одзивот бил добар.

Незадоволните приговараат дека на овој начин се охрабруваат луѓето да размислуваат како да направат профит од јавна сопственост.

Од друга страна, газдите на апликацијата велат дека на овој начин ќе се подобри комуникацијата меѓу оние кои планираат да заминат и оние кои очајно им треба паркирање и на тој начин ќе се намали сообраќајната гужва, потрошувачката на гориво и загаденоста на воздухот.

Ветуваат дека ќе внимаваат на измамници кои намерно ќе ги зафаќаат оние места за кои секогаш постои голема побарувачка а за тоа ќе постојат и рејтинзи на учесниците.