За што сè ИСИС ќе те убие?

Војната на милитантниот исламизам против сите нас се засилува. Опасниот и налудничав непријател секојдневно смета Христијани, Евреи, Индуси, атеисти, жени, педери, како и милиони муслимани кои не го прифаќаат исламистичкиот темплејт за живеење, за своја легитимна мета за отстрел.

Можеме ние да рационализираме дека нивниот јебан калифат е само реакција на неиздржливата западна ароганција кон нивниот свет.  Меѓутоа, нивната света војна со модерноста и плурализмот просто прави бескраен список на непријатели.

Еве една - само делумна - листа за кои сè "криминали", воинствените исламисти во последно време изрекле и извршиле смртна казна:

Летување во Египет

Шопинг во Најроби

Одење на работа во Њујорк

Летање со авион во САД

Возење со воз во Мадрид

Возење автобус во Лондон

Присуствување на свадба во Аман

Чување меморијален споменик во Канада

Молење во несертификувана џамија

Да се биде Евреј

Одење на училиште во Русија

Одење на училиште во Пешавар

Цртање карикатури

Слободно говорење во Бангладеш

Да се биде хрватски работник во Каиро

Да се биде новинар на Вол Стрит во Пакистан

Работење во банка во Истанбул

Возење со ферибот на Филипините

Пиење кафе во Мумбаи

Правење филм за третманот на жените

Печатење Библија во Турција

Спиење во хотел во Исламабад

Молење во црква во Египет

Божиќен шопинг во Шведска

Купување риба во Нигерија

Градење верски објект во Ирак

Гледање на маратон во Бостон

Сончање во Тунис

А криминалот на луѓето кои беа убиени во Париз вклучува: сакање музика, јадење и пиење.

17 ноември 2015 - 08:13