После растење нема каење

Пoстои една единствена работа за која се каат огромниот дел родители: што многу работеле додека децата им биле мали.

Посветеноста на кариерата и работата на штета на поминатото време со малите деца е она за што се каат три четвртини англиски родители. Сега се уверени дека  дека тоа време би го поминале комплетно различно доколку би имале шанса за тоа.

Четвртина од нив велат дека тоа им е главниот совет за пријателите кои стануваат родители, за да не ја повторат нивната грешка.

Добар дел од родителите (6 од 10) велат дека грешката со првото ја поправиле со второто дете.

Освен кариерата, родителите се каат и за тоа што се секирале за работи кои немале врска со животот и премногу лесно се откажувале од родителските задоволства какви што се играњето со децата, заминување на заеднички викенди, читањето пред спиење и слично.

14 септември 2012 - 11:53