Таг: деца

Сер Антони Хопкинс во нов филм го игра човекот што спасил 669 деца

За милиони Британци тоа било незаборавен момент во телевизиската истосрија. Во февруари 1988 на програма на Би-би-си под наслов „Тоа е животот!“, човек по име Николас Винтон после многу години се сретнал со некои од 669-те еврејски деца кои ги спасил од нацистите нешто пред Втората светска војна. Сега за него има и филм.

Вакцинацијата на децата како нивна „крштевка“

Иако ковид вакцините немаат што многу да им пружат на младите возрасни групи и не го спречуваат ширењето на вирусот, тие сепак влегуваат во официјалните календари за имунизација. Боцкањето за ковид станува нивна секуларна крштевка, иницијација во телото на граѓанството, доказ дека се подобни да бидат членови на заедницата. 

Зауздување на детската слобода: кратка историја на игралиштата

На прв поглед игралиштето е природно место за детска игра, со лулашките, тобоганите и вртелешките, кои денес се сметаат за суштински елементи на јавен простор наменет за најмладите. Но идејата за неговата идеална форма се менувала низ историјата, меѓу другото и под влијание на променетите општествени услови и на стравовите поврзани со околината.

„Доволно стари“: јапонско ТВ шоу во кое мали деца вршат задачи за малку поголеми

На Нетфликс се прикажува шоу во кое деца, тип мали-мали, се испраќаат сами во светот. Ако мислите дека е глупо, погледнете барем една епизода, да видите како ќе ви се стега срце дур следите четиригодишно дете крај автопат. И колку навивате за него да му текне кога ќе го заборави слаткото кари на излез од самопослуга.

Се носат ли деца на свадба?

Да го видиме тој мудоња што на македонска свадба на поканите ќе напише „без деца“ и ќе остане жив. Ама сериозно, што ако сакаш да правиш свадба и едноставно не сакаш да ти се мотаат деца, бе?

Суровата реалност на „нежното родителство“

Пристапот цвета затоа што се раководи според чувствата на детето. Но, што запоставува?

Наскоро на филм: двете деца од Даблин кои избегале со авион за Њујорк

Во 1985 две деца на возраст од 10 и 13 години се појавија на насловите страници на весниците низ светот откако без знаење на родителите се качиле на авион за Њујорк, по пат избегнувајќи ги сите можни контроли.

Борбата за правичност во Калифорнија мутира во безмозочност

Богатите родители треба своите деца да им ги дадат на сиромашните, а сиромашните да им ги дадат своите деца на богатите. Истата трампа треба да се направи и меѓу луѓето што имаат дом и бездомниците, и само на тој начин „Калифорнија некогаш ќе постигне вистинска правичност“.

Мажи не добиваат вакви прашања

Како што вели Вивика А. Фокс, не мора да си биолошка мајка, за да имаш, или да сакаш деца.

Како децата влијаат на вашата среќа?

Истражувања покажуваат дека имањето деца е ужас што се однесува до квалитетот на животот - но вистината за тоа што родителството значи за среќа е многу покомплицирана.

Дали родителството те прави среќен?

Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.

Во ред ли е тинејџери да пијат кафе?

Како се запрашавме свечено, ко да е фер да им забраниме.

Мик Џегер има 4-годишен син

Очигледно не е најново, ама за нас е. И не му е прво дете на Џегер, ама како што изгледа не може да се каже ни дека ќе му е последно. За подобра перспектива, Џегер има 78 години.

Пренаселеност, масовна невработеност, роботи: како децата од 1960 ја замислувале 2000-тата

Денес, особено во текот на пандемијата, стана некако нормално да имаме мрачни, дистописки мисли за иднината. За 1960-тите вообичаено се мисли дека биле ера на оптимизам, особено во технологијата и сеопштиот прогрес. Но и тогаш имало визионери.

Трауми од детството со топка во двор со куче

Се случувало топката да отиде кај комшија кој пред неколку дена ви свикал дека следен пат со нож ќе ја распара ако му стигне во негов посед пошто му сметала галама. Ама позезнато е ова низ што проаѓаат овие дечки на видеово. Оди па биди храбар да те видам ко ќе се залета Рекс од таму лут ко стрела.

Гризман да сакал не би имал подобар датум во животот

Неверојатно но вистинито. Французинот има омилен и среќен датум во животот. Пишувавме вчера дека сите три деца ги добил на ист датум, а на овој ден му се случиле исто многу убави работи во фудбалската кариера.

На кој јазик би почнале да зборуваат деца растени во целосна изолација?

Хебрејски, старогрчки, египетски, санскритски. Ова биле јазиците за кои древните мислители тврделе дека би почнале да ги зборуваат деца растени само со други деца.

Научна студија за тоа какви се возрасните направена од деца

Ви се случило детето да ви каже нешто што ќе ве остави без зборови? Често ги потценуваме нивните способности на забележување и носење заклучоци. Ама од нивното будно следење на нашите реакции можеме многу да научиме.

Шесте момчиња кои живееле на пуст остров повеќе од една година

Романот на Голдинг, напишан во 1951, раскажува за момчиња кои затечени на пуст остров ја манифестират мрачната страна на човечката природа. Но дали е можна поинаква верзија на истата приказна? Една таква е подзаборавена, а датира од 1966. 

Британија ќе забрани деца под 12 години да играат фудбал со глава

Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска и Ирска ќе воведат нови правила за младинските категории според кои играњето со глава на тренинзи ќе биде забрането за сите играчи под 12 години.

Ако сакаш хистерија по дома, само укини го мобилниот

Речиси една четвртина од децата и младите (оние млади што уште ти живеат по дома) се навлечени на своите смартфони до ниво што почнува да наликува на зависност. А ако сакаш да видиш до каде е дојдена работата, пробај на кратко лиши ги од мобилниот.

Јужнокорејски професори си ги потпишувале децата како ко-автори на научни статии

Нешто ни тргна со Јужна Кореја, па да продолжиме со социјалните прилики во оваа земја. Овој пат во академските води.

Фотографии од детски мечти

Фотографот Крис де Бод, во соработка со организацијата „Спасете ги децата“, тргнал да визуелизира соништа. Речиси ниту едно од децата со кои разговарал не било прашано до тогаш што е тоа по што мечтае, што го посакува. Детските желби се трогателно мали - доволно е да можеш да се грижиш за растенија, и да возиш такси.