Бар за брокери

Под претпоставка дека гостите ги бираат пијачките по основа на цената, бар во Калифорнија воведе берзанско плаќање на пијалаците.

D-street барот во близина на Сан Диего, на гостите им нуди берзански тикер на пијалаци, објавен на телевизори поставени низ целиот локал.

Цените се менуваат во зависност од побарувачката па ако во рок од 15 минути некој пијалак не е нарачан, неговата цена се симнува за неколку центи.

"Другар ми сакаше да пие еден коктел што беше 5 долари. Чекавме околу еден час и тој се спушти на 3,75. Веднаш штом го нарача, пијалакот се крена на над 4 долари," објаснува еден од гостите.

14 април 2012 - 12:34