Таг: берза

Амазон стана прва компанија што изгубила 1.000 милијарди долари вредност

Во јули 2021 вредноста на Амазон на берза беше рекордни 1.880 милијарди долари. За година и пол, глобални проблеми и лоши резултати, тоа единицата од напред ја снема.

Саудијците ја имаат најпрофитабилната компанија на светот за 2018

Профитот од 2018 на Епл + Гугл + Ексон мобил = саудиски Арамко.

Безос е доволно богат за да купува цели берзи

Неделава богатството на основачот на Амазон за прв пат ја надмина границата од 150 милијарди долари, со што има повеќе милијарди долари од кој било што некогаш собирал милијарди долари.

Акциите на Њујорк тајмс во 2017 излегоа подобри отколку на Гугл и Фејсбук

По објавувањето на извонредниот последен извештај за заработувачка, акциите на Њујорк тајмс пораснаа за 10% и за прв пат од летото 2007-ма вредат над 24 долари по акција.

Паника на американската берза од платите на сиромашните

Во петокот инвеститорите на Вол стрит почнаа да паничат и во ист стил го затворија денот. Првиот следен работен ден, понеделникот, паниката на американската берза се претвори во потоп, и денот беше затворен со намалена вредноста од над 1.000 поени, најголем пад во историјата на Дау џонс индексот. Нејасното е - како ова се случи?

Како генијалниот Исак Њутн загубил огромни пари на берза во 18 век

Вистинитата приказна за Њутн како неуспешен берзански инвеститор обично се користи за да се илустрира ирационалноста на економските одлуки и влијанието на толпата. Ако Њутн не можел да им одолее, што ни останува нам, на обичните?

Биткоинот „блеска“, но златото останува - злато

Дигиталната валута не е поддржана од било што физички. Ако се укине интернетот, сопствениците на биткоинот ќе немаат пристап до нивните средства, а слично е доколку бидат хакирани или ја заборават лозинката. Златото, од друга страна, има одредена инхерентна вредност. Ако ништо друго, од него можат да се направат златни заби.

Тајната за добивање на лото

Ноќеска во САД се падна вториот по големина џек-пот во историјата на тамошните лотарии во износ од 760 милиони долари. Одма треба да се каже дека човеков не е добитникот на премијата, ама има разработено систем со кој нема изгубено пари. Неговиот совет во основа е: секој пат кога сакаш да играш лото, инвестирај ги парите на берза.

Најбогатите 500 луѓе изгубија 35 милијарди долари од драмите околу Трамп

Во падот на американските берзи што следуваше по најновите политички вознемирувања околу Трамп, Русите и што има они да бидат толку блиски, се проценува дека топ 500-те милијардери во светот имаат изгубено 35 милијарди долари. Најлошо минува Зукерберг, со минус од 2 милијарди долари.

Амазон, две децении и милијарди долари подоцна

По 20 години на берза, математиката на Амазон е следна: ако во 1997 на излегување на Амазон на берзата си купил нивни акции за 1.000 долари, денес истите ќе ти вредат 638.000 долари.

Од кого му фуфка на Вол стрит?

Иако отпадна од трката, Берни Сандерс и неговата линија на размислување сериозно се вградија во политичко-економскиот живот на САД. Еден негов твит, и акциите паѓаат.

Се продава една стара интернет компанија, се вика Јаху

Ваков наслов кај дел од читателите ќе предизвика чудење што се продава компанијата која им е поим за интернет а друг дел веројатно ќе си помислат: Сум слушнал за Јаху, ама  зарем тоа уште е живо?

Саудијците си ги потрошија парите

Верувале или не, Саудиска Арабија има сериозни проблеми со кеш. Буџетскиот дефицит им се приближува до бројката од 100 милијарди долари и планираат да продадат дел од државната компанија за експлоатација на нафта.

Кинеското второ дете и берзите

По стотици илјади абортуси заради незадоволство од полот на бебето, и уште толку непризнаени и напуштени деца, Кина деновиве ги укина правилата за планирање на семејството (едно дете по семејство). Потег кој сериозно не им беше планиран на производителите на кондоми.

Зошто е паниката на светските берзи?

Минатиот петок берзите низ светот, под притисок од случувањата на кинеската берза, брзаа да затворат само за да не им се случи уште поголема загуба. Во понеделникот отворија со страв, по кој следуваше дополнително понирање на вредноста на акциите.

Не, средношколец не заработи 72 милиона долари на берза

Њујорк Магазин во понеделникот ја објави сторијата за матурантот од Њујорк (по име Мухамед Ислам), кој за време на паузите меѓу часови во средно направил околу 72 милиона долари на берза. Сторијата е невозможна толку колку што ви звучеше невозможно.

Како се ќарува точка ком

За времињата кога беше доволно на името на фирмата да ѝ додадеш точка ком за да дојдеш до ќар. И за времињата кога беше доволно на фирмата да ѝ ја извадиш истата додавка.

Продадена њујоршката берза

По 220 години независност компанијата NYSE Euronext, сопственик на New York Stock Exchange е купена за 8,2 милијарди долари. Компанијата оперира и со берзи во Франција, Холандија, Белгија и Португалија.

Корејскиот поп индекс

DI е среден по големина производител на полупроводници од Јужна Кореја, која без никакви промени во бизнис план, производство, технологија, маркетинг или менаџерски тим, во рок до 3 недели успеа да ја зголеми вредноста на своите акции за речиси 200%.

Не е кикирика сè што се лупи

Многумина уште жалат што кризата не ја пресретнаа со купување злато кое повторно се покажа како валута на која секогаш можеш да се потпреш во кризни времиња. Но, вистинското инвестициско елдорадо е кај бананите и кикириките.

Како изгледа гик милионер?

Што гледате на оваа фотографијата? Гледате сцена од урнебесната журка на вработените од Фејсбук откако станаа милионери.

Бар за брокери

Под претпоставка дека гостите ги бираат пијачките по основа на цената, бар во Калифорнија воведе берзанско плаќање на пијалаците.

Берзата ги изгоре милијардерите

Ние во вторник пуштавме нов сајт, 20-те најбогати луѓе на светот во вторник на берза изгубија над 10 милијарди долари.