Туната е жива

Американските деца кои неделно јадат две средни порции туна која често се користи во училишните мензи како здрава храна веројатно земаат 6 пати поголема доза жива отколку што е пропишано во здравствените упатства.

Белата туна која масовно се сервира во американските училишта треба да ја избегнуваат деца полесни од 25 килограми, заради веројатноста да содржи многу повеќе жива отколку што е тоа дозволено со поставените стандарди, препорачува студија нарачана за оваа цел.

Децата под оваа тежина можат да ја јадат најмногу еднаш месесно, додека оние потешки од 25 килограми максимум двапати во еден месец.

Уште од 2004-та, Американската агенција за храна и лекови препорача конзервираната туна да ја избегнуваат или ограничат бремените жени и оние кои дојат.

Елементот жива е невротоксин кој се таложи во рибата, особено во нејзините покрупни примероци. Единствена добра работа во приказната е што туната и онака не е популарна кај децата па веројатно не мора да се паничи.

Производителите и трговците со овој прехрамбен артикл одбиваат да ги коментираат наводите на студијата.

20 септември 2012 - 17:25