Рака која стиска, не се суши

Научници од јапонскиот Универзитет Гифу креирале роботска женска рака за осамени мажи. Дека ним им треба да сменат рака, тоа е јасно, ама оваа ја скроз утнува поентата. Ќе имало и верзија за жени и ќе мирисала малку на моторно масло, малку на скара. Да, вакцина за корона сè уште нема.

Изумот се вика “Osampo Kanojo,” што отприлика значи „Со девојка ми на прошетка“. Ќе им се нашла на мажи на кои им недостига чувство на близина со романтична партнерка, особено во осамената ера на пандемијата. Добро е што не мора да ја држиш цело време бидејќи ти стои закачена на подлактицата за во секое време да ти се најде „при рака“.

Велат имитирала природен стисок кој менува интензитет а и испуштала влажност, слично на потењето на дланката, збогатена со мирис на женски шампон. Имало и мало звучниче кое испуштало звуци на женски чекори (не може да е женско, а ти да не го слушаш некако).

Најавена е и машка рака за жени, поголема и посилна, само со поинаква мирисна хармонија од колоњска вода, ќумур и моторно масло.

Бескрајно можат да се прават заебанции на темава ама па, доволно глупо е и овака.  

6 ноември 2020 - 11:51