Третото дете не ве прави посреќни

Сите се најсреќни со првото дете што ќе го добијат, а за секое следно на среќата влијае кое ти е по ред и на колку години си го добил и дали си мајката или таткото. Има и комбинација во која по породување среќата оди во минус.

Комбинација која носи најмногу среќа е прво дете кај родители со високо образование и на возраст меѓу 35 и 49 години, во оваа равенка среќата е и најдолготрајна. Среќа доживуваат и родителите на возраст од 23 до 34 години, ама кај нив таа побрзо ветрее во споредба со претходната група. За разлика од овие две, кај тинејџерите родители има пад на среќата.

По број на деца, највозбудливо е добивањето на прво дете, кога се бележи и најголем раст на среќата. Второто иако е возбудливо, тоа ја зголемува среќата за само половина од она што го постигнало првото. Кога жената или парот, стигаат до третото дете, неговиот ефект на среќата е "занемарлив." Просекот не се подобрува ниту со понатамошните раѓања.

Кај половите, во споредба со мажите, жените доживуваат поголем раст на среќата додека го очекуваат бебето и откако ќе се породат.

31 октомври 2014 - 09:32