Ако нема чипови за Кина, нема ни суровини за чипови за Америка

Кина воведе ограничување на извозот на металите што се користат во производството на микрочипови конкретно на металите галиум и германиум, и тоа е за сега. Ќе има и други.

Контролата (ограничувањето) на извозот на овие производи беше изненадно објавена и ќе почне да важи од 1 август. Освен кај производителите на чипови, побарувачка за металите има и од производителите на електрични возила и оптички кабли.

Германиум се користи за чипови и пластика, а има и воена употреба во уреди за ноќно гледање и сензори за сателитско снимање. Галиум се користи за радари, уреди за радиокомуникација и сателити.

Поранешниот кинескиот заменик министер за трговија порача дека државите низ светот треба да бидат подготвени за уште ограничувања на суровините доколку продолжат да вршат притисок Кина.

„Ако продолжат рестрикциите врз кинескиот хај-тек сектор тогаш и контрамерките ќе ескалираат,“ порачал поранешниот заменик министер, Веи Џиангуо, а моментално заменик-претседател на Кинескиот центар за меѓународна економска размена.

Соопштението беше објавено на неколку дена пред пристигнувањето на американската министерка за финансии Џенет Јелен во Пекинг. Тоа се толкува како порака до администрацијата на Бајден која и самата работи и им врши притисок на сојузници како Јапонија и Холандија да го блокираат развивањето на хај-тек капацитетите на Кина, и да не и дозволат на државата да купи машини за производство на чипови.

Експертската процена е дека блокадата на извоз на галиум повеќе е предупредување за светот отколку вистински проблем. Според нив ако Кина вистински сака да и наштети на глобалната индустрија за електронски возила таа ќе го забрани извозот на графит. Кина произведува 61% од глобалниот природен графит и 98% од крајниот преработен материјал кој се користи во производството на батерии за електрични возила.

Како Кинезите гледаат на ова:

6 јули 2023 - 11:08