Зад секој корумпиран Кинез стои жена што не му е сопруга

Додека кинеските блогери и медиумите имаат неочекувано сериозен успех во откривање на корумпираните политичари, клучен сегмент на општеството за апсење на политичарите се - нивните швалерки.

Имањето втора жена речиси и да се претвори во стандард за кинеските функционери, меѓу кои посериозните знаат да имаат и до 6 љубовници во исто време.

Целата работа е станата толку сериозна што сега Комунистичката партија почна да им држи курсеви за дисциплина на своите кадри, на кои се нагласува "проблемот со жените." Како пример на овие курсеви се споменува поранешниот директор на Одделот за градба во провинцијата Јиангсу, кој имал 140 љубовници. Меѓу нив биле и две што се мајка и ќерка.

Според кинеските медиуми, речиси секогаш љубовниците стануваат темпирани бомби за функционерите, кои по одредено време решаваат дека саката да ја сменат "втората жена."

"Иако падот на корумпираните функционери е добредојден, сепак вознемирува дека до тоа довела нивната љубовница," пишува Глобал Тајмс.

Според бројките од полициските истраги 100% од корумпираните политичари од Гуангжу, Шензен и Жухаи, имале барем една љубовница.

29 ноември 2012 - 11:23