Јапонците се најдобредојдени во светот

Црвениот јапонскиот пасош е највреден пасош на светот, ама на Јапонците како да не им е многу до патување. Само 20% од населението поседува ваков документ, а 35% од Јапонците изјавиле дека немаат намера да патуваат во странство. Црвениот македонски пасош е 44-ти на листата.  

Јапонскиот пасош е највреден пасош и 5-та година по ред ја предводи листата на која следат Сингапур, Јужна Кореја, Германија и Шпанија. Пасошот број 1 овозможува влез во 193 светски земји без виза, а борбата за врвот е прилично тесна, затоа што 10-тата земја на листата, Данска, нуди само 5 дестинации помалку.

Сепак, тоа што е највреден не го прави многу популарен меѓу Јапонците. Во 2021-ва, јапонските власти потврдиле дека во оптек имаат само 24 милиони важечки пасоши. Тоа е 3 милиони помалку во однос на 2020-та, и значи дека пасош има помалку од 20% од населението, кое вкупно брои нешто над 125 милиони жители.

Во јули годинава, 35% од Јапонците изјавиле дека не планираат туристички патувања во иднина. Ваквата антипатија кон патување веројатно има врска и со пандемијата, имајќи предвид дека споредбено со 2019-та, бројот на патници во последните десет месеци од 2022-ра е десеткуван и изнесува помалку од 2 милиони. 

Македонскиот пасош е на 44-то место, и доволен е за влез во 125 држави, според ранг-листата на Хенли Паспорт Индекс. Најлошо стои авганистанскиот, со кој без виза може да се влезе само во 27 земји. Американскиот го води рускиот пасош за 68 дестинации, додека Кинезите имаат 80 безвизни опции на располагање. 

11 јануари 2023 - 15:02