Таг: пасош

Јапонците се најдобредојдени во светот

Црвениот јапонскиот пасош е највреден пасош на светот, ама на Јапонците како да не им е многу до патување. Само 20% од населението поседува ваков документ, а 35% од Јапонците изјавиле дека немаат намера да патуваат во странство. Црвениот македонски пасош е 44-ти на листата.  

Штрумфови и Тинтин на новите белгиски пасоши

Растенија, орли, поранешни претседатели, светци, значајни историски фигури. Дизајните на пасоши обично следат одредени конвенции. Но од оваа недела сите нови пасоши на Белгијците ќе содржат - ликови од стрипови!

На кое дереџе падна Роналдињо, да го апсат за фалсификуван пасош

Еден од најголемите бразилски фудбалери на сите времиња синоќа бил уапсен во Парагвај поради тоа што влегол во земјата со фалсификуван пасош. Не му е првпат со брат му да прави ујдурми.

Азилантот од Конго кој се прослави во Париз, па потпиша за 8 милиони евра во Штутгарт

Чудни се судбините на африканските млади таленти за кои во западните земји се става рака на очи за нивните административни фалсификати. Необична е сторијата за младиот Сила од Киншаса за кој допрва треба да се слушне.

Да не грешиме душа, ама...

Многумина останале забезекнати откако виделе како изгледа натпреварувачка од Етиопија во чиј пасош стои дека е родена во 2001 година и која освои медал на Светското атлетско првенство У-20.

Како Гундоган и Озил со слика со Ердоган ја разбудија германската десница

И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.

Кратка историја на пасошот

Доаѓа лето и почнува да ни текнува на пасошите - истечени ли ни се, ни треба ли виза за таму каде што ќе одиме, што ли ќе пишува на нив ако се смени името на државата? Овој документ - македонски, бугарски, од која и да е ЕУ земја, американски - има големо практично, но и симболичко значење. Особено за оној кој не може да го има.

Државјанство во клауд

Државјанството во поновите форми е нешто што може да се купи, изнајми или да се добие со онлајн регистрација. Таквите цаки главно се за богати, односно за оние чие лично богатство е над материјалниот квалитет на нивната матична земја. Има аранжмани и за сиромаштија, ама, нејќете од тие.

Омразата меѓу Ердоган и турската ѕвезда од НБА

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му го суспендирал пасошот на кошаркарот на Оклахома Тандер којшто синоќа бил задржан на аеродром во Романија поради неважечки документи.

Случајот на советскиот граѓанин заглавен во 2017

Василиј Бабина на 22 години влегува во затвор заради провала, кражба и убиство. Од затвор излегува на 58 години. Во затвор влегува како граѓанин на СССР, така и излегува само што во меѓувреме неговата држава станува Русија, а тој останува граѓанин на СССР.

Како Томас Милер ги избегна новинарите со пасош

Германскиот репрезентативец на досетлив начин реши да не арчи време во разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Пасошот го користеше како мобилен телефон и се правеше дека збоува.

Америка, мајка бежанија

Четвртина од Американците се закануваат со селење од земјата во случај на изборите да победи Доналд Трамп. Но, така викаат на истражувања на јавно мислење. А според фактите, токму во мандатите на Барак Обама рекордно пораснал бројот на Американците кои побарале друг пасош. Стивен Сигал знае за тоа.

Бенатија го заборавил пасошот и нема да игра во реваншот

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва во Лисабон го играат реваншот од четвртфиналето во ЛШ против Бенфика. Првиот меч заврши 1:0 за Баерн, а Германците на пат тргнале без нивниот главен стопер.

Пасоши на славните

Kaко и визит картите кои ги објавивме неодамна, така и личните документи на познатите уметници кажуваат нешто за нивниот лик и дело. Особено ако се пасоши, на кои обично има онакви глупави фотки, но и печати кои ги раскажуваат приказните за нивните патувања.

Непослушно куче

Рагби играчот Џејсон Товеј со соочи со до сега незабележана "забрана за настап" на еден натпревар. Патувањето со колегите од тимот му го спречи неговото милениче кое му ги изеде страниците од пасошот.