Случајот на советскиот граѓанин заглавен во 2017

Василиј Бабина на 22 години влегува во затвор заради провала, кражба и убиство. Од затвор излегува на 58 години. Во затвор влегува како граѓанин на СССР, така и излегува само што во меѓувреме неговата држава станува Русија, а тој останува граѓанин на СССР.

На излегување од затвор Бабина го добива својот советски пасош што технички претставува голем проблем и за него и за градските власти на Јекатеринбург. Он според законот е без документи, а градските власти не можат да го "конвертираат" во руски граѓанин.

Решението на проблемот што во Русија се рашири како "последниот советски граѓанин" генерално е на штета на Бабина, па тој прво од судовите беше прогласен за "лице без држава" и како таков беше одлучено тој повторно да биде вратен во притвор само овој пат во центар за нелегални мигранти, каде што ќе треба да почека до мај годинава.

На рочиштето во мај судот треба да разгледа уште колку да го продолжи притворот на Бабина меѓу имигрантите додека не разрешат на која постоечка држава тој и припаѓа.

Бабина е родум од Казахстан, и руските власти се надеваат дека ќе го депортираат таму. Освен адвокатот, има и група активисти кои се борат Бабина да остане во Русија и да биде споен со неговото семејство кое живее во алтајскиот регион (граница меѓу Русија, Кина, Монголија и Казахстан).

Бабина моментално е единствениот регистриран случај на советски граѓанин што има проблеми со документите.

2 март 2017 - 10:20