Горбачов во поход

На 82 години Михаил Горбачов има нова амбиција во животот со две клучни точки: 1. партија, 2. симнување на Путин од власта.

Горбачов планира реоформување на Социјал демократската партија, која се распадна во април 2007-ма, со цел еден ден да може да го порази Путин и Обединета Русија.

РИА новости пренесе дека Горбачов ги поканил "сите со социјал - демократски ставови" да ги поднесат своите предлози до него.

Од Фондацијата Горбачов објаснуваат дека тој нема намера да ја води партијата.

"Горбачов проговори за својата намера да почне со обновување на партијата, иако нема намера да ја води. Тој само сака да помогне во нејзината обнова," изјавил портпаролот на фондацијата Владимир Полјаков.

Поранешниот советски лидер оригинално ја формираше партијата во 2001-ва и таа во просек броеше околу 12.000 членови. За споредба, Обединета Русија на Путин денес има 2,01 милион членови.

Инаку, во вторникот Долниот дом на Думата, донесе закон со кој се олеснува формирањето на партија, па сега минимумот на членови што треба да го има една партија е намален од 40.000 на 500.

Од министерството за правда објавија дека уште истиот ден добиле околу 70 апликации за регистрација на нови партии.

21 март 2012 - 17:49