Напишани а некажани говори

Што ако Армстронг и другарите не успеаа да се вратат живи од Месечината? Или ако истоварот на Нормандија беше неуспешен? Што ако Кенеди не беше убиен во Далас? Говорите биле напишани.

Историјата е литанија над она што минало како што минало. Како ќе изгледало нешто што можело да се случи а не се случило, никогаш нема да дознаеме, и токму тоа го прави интригантно.

Мал увид во атмосферата која не е доживеана даваат архивите, овојпат во зачуваните државнички говори кои не се изговориле.

Еден таков повод е историското стапнување на Месечината.

Вилијам Сафир, пишувачот на говори на претседателот, ги убедил колегите од Белата куќа дека Ричард Никсон мора да има подготвен говор во случај обидот на Аполо да се претвори во катастрофа.

Никсон ќе го кажел ова:

Овие храбри луѓе, Нил Армстронг и Едвин Олдрин, знаат дека нема надеж за нив. Но исто така знаат дека има надеж за човештвото. Тие ги положија своите животи за најблагородната човечка цел: потрагата по вистината и разбирањето. Нив ќе ги жалат нивните семејства, нацијата, луѓето од светот, ќе ги жали мајката Земја што испрати два сина во непознатото. Нивната жртва дополнително ги обврзува луѓето на братство. Оние кои ќе тргнат после нив, сигурно ќе го најдат патот до дома, но првите секогаш ќе останат во нашите срца.

Пресвртницата во Втората Светска Војна, десантот на Нормандија, можел да не биде онаков каков што го памтиме. Во случај на дебакл на Денот Д, генералот Ајзенхауер имал подготвено кратко и војнички чесно соопштение:

Ако треба да се бара вина за овој неуспех, таа треба да се бара исклучиво во мене.

Најморничава перспектива дава трагичниот настан од 22 ноември, 1963 година, кога во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди. Историјата вели дека во моментот на атентатот, Кенеди бил решен да и соопшти на американската јавност дека "со тешко срце но со обврска кон положената заклетва" решил да нареди воена операција за остранување на нуклеарните боеви глави во Куба.

Историчарите се сигурни дека во случај да ја реализираше својата намера прекината со атентатот, светот несомнено ќе влезел во светска нуклеарна војна.

30 март 2013 - 10:44