таг: историја

„Вештерката Агнеси“ - како погрешен превод довел до необично име на математички концепт

Се работи за крива, која и денес се користи во математика и статистика, а нема врска со никаква вештерка, туку само со погрешен превод. Повеќе

Историјата на целиот свет
Големиот масакр на кучиња и мачки во Британија
Една поинаква историја

Деновиве (и не само деновиве) кај нас е актуелна темата со расфрлањето отров по улици со кој се трујат уличните животни. Но во екстремни околности низ историјата луѓето се решавале сами да ги еутаназираат своите миленици. Оваа книга зборува за една таква трагедија, која се случувала непосредно пред Втората светска војна. Повеќе

Како да прикажеш историја на филм?

Еден куп историски настани ги знаеме затоа што сме ги гледале преточени во филм, а не затоа што сме гледале документарни снимки од истите. Колку е голем јазот помеѓу овие две прикажувања на она што (наводно) се случило? Повеќе

Холандија веќе беше доминантно муслиманска
Колонијална амнезија:

Холанѓаните со децении успеваат да работат на својот имиџ на толерантни и лежерни луѓе кои си бркаат работа и не се мешаат во туѓи животи. Па сепак, малку е чудно како масовно се заборава дека само до пред 70 години и тоа како се мешаа; со војска, окупации и масовни убиства. Сè за тија пусти пари. Повеќе

Глобалните катастрофи како услов за еднаквост

Вознемирувачка, ама издржана лекција по историја: нова книга тврди дека ретките случаи на еднаквост од глобални размери била постигнувана исклучиво во времиња на големи кризи, кога на Земјата шетале четирите јавачи на апокалипсата (кои додуша ширеле несреќи главно во женски род): глад, смрт, војна и освојување. Зарем до ова дереџе дојдовме, да се надеваме на апокалипса? Повеќе

Кој како ќе го памти ова денешново?

Македонците денес живеат во минимум две крајно различни истории. Што од тоа ќе остане во сеќавањата, како колективната меморија ќе го фотошопира истото и како ли за две три децении тоа ќе им изгледа на оние кои се сега мали. Повеќе

Кој прв го употребил зборот „факт“?
Историја на еден (заебан) концепт

Концептот влегол во секојдневна употреба во 1660-тите. Британското кралско друштво, основано во ноември таа година, објавило дека ќе се занимава „само со факти, не со објаснувања“. Повеќе

Многу пред лажните вести имаше лажни слики

Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес. Повеќе