Највредниот билет за воз

Еден единствен билет е разликата дали бездомниците од Њу Џерси ќе ја преживеат вечерта на топло или ќе ризикуваат да измрзнат од студ.

Според градските правила секој мора да има билет за воз за да може да влезе и да седи во железничките станици во Њу Џерси. Меѓутоа откако ќе влезе, слободно може колку сака да седи таму.

"Ако имам билет, ок е. Тоа е она што ти треба за да останеш внатре. Ако го немаш ќе мора да излезеш надвор на студот."

Бездомниците ја сфатиле и финтата дека не мора секоја вечер да купуваат билет, туку е доволно само оној постојниот што го имаат да не им биде поништен.

"Кога ќе се качиш во воз, доаѓа кондукторот и рачно му го поништува билетот на секој патник. Ако никогаш не се качиш во воз, твојот билет никогаш нема да биде истечен."

Некои од бездомниците со години ја користат оваа можност. Меѓу нив има и двајца кои на станицата живеат 19 односно 26 години.

3 април 2013 - 20:34