Таг: воз

Железничката несреќа после која Чарлс Дикенс не бил истиот човек

На 9 јуни 1865, славниот писател во шок успеал да исползи од превртен вагон на воз, кој откако излетал од шините висел од мост близу Стејплхрст во Кент, Англија. Под него можел да ги види другите вагони кои се струполиле во плитката река. 10 луѓе починале а уште 40 биле повредени. До крајот на животот тој не можел да ја заборави оваа сцена.

Кај нас за колку саати ќе зафали клуч?

Процедура за стартување воз во Германија.

Пекинг - Нанкин 1.025 километри, време на патување 3 часа и 17 минути

Или во македонски мерни единици, побрзо отколку летно време да стигнеш од Скопје до Охрид.

„Охрид експрес“ или возот кој ќе беше подобро никогаш да не забрза

Двајца Французи во 1972 прават филм за возот Ќирчо, кој во тоа време сообраќал три пати дневно од Охрид, еднаш со товар (главно дрва и жито) до Пресека за повеќе од три часа часа, а со патници до Кичево за 7 часа. Пред неколку години кога тој беше oткриен од нашите медиуми, тие се концентрираа токму на вовчето. Но тука има многу повеќе од тоа.

Книга наместо билет за воз

Цели 87 години на крајот на март Холанѓаните ги промовираат своите писатели и читањето воопшто. А како подобро да промовираш, ако не со тоа што нешто ќе направиш бесплатно?

Смешната случка на Погба, Матиќ и случајни патници во воз

Фудбалските фанатици понекогаш не се свесни за фактот дека колку луѓе има што следат фудбал, толку има и „нормален“ свет што не го занима како 20 и нешто луѓе трчаат по некаква топка како будали. Во ова се уверил и еден Нејт Патрик од Англија

Јапонците пак се резилат пред светот

Во скандал приреден од тамошната железница кој уште долги години ќе остави длабок траг во јапонското национално ткиво, цела држава на свои плеќи треба да го носи срамот на еден воз што тргнал 20 секунди порано од станица.

Основни лекции по паркирање

Прва лекција, немој да паркираш блиску до пруга. Прва лекција под Б, на тој што паркира блиску до пруга возот за ништо не му е крив.

Eсеј за патувањето со (македонски) воз

За блиц но меродавно истражување на социјалната психологија на „просечниот македонски граѓанин“ не се потребни некакви квалитативни, лонгитудинални, статистички и други истражувања, со обемни буџети и комплицирани методологии. Доволно е на човека да му се падне да седи во првиот ред до ВЦ-то во оние новите, кинески возови.

Како тоа мислиш не стој крај шини кога воз минува низ снег?

Уште од првиот кадар јасен е исходот од видеово, на сите освен на овие на перонот.

Што ќе ти е пиротехника, кога поминува воз

На фудбалските терени, особено во пониските лиги имало кокошки, кучиња, мачки и птици, но никогаш не сме виделе воз. Во местото Черни Балог во Словачка, воз поминува покрај аут линијата.

The Snowpiercer (2014)

Футуристичка трилер-акција во стилот на Матрикс или Игри на гладта, со дизајн како кај Вес Андерсон, и со алегориски и сатирични тонови, кои лесно ќе ги препознаете. Особено ако сте од задните вагони на возот кој забрзано ита, кон никаде.

Французите учат англиски во воз

Часови со професор во воз за наши услови е незамисливо. Но како би било во автобусите да се пуштаат лекции по кој и да е странски јазик? За некој кој секојдневно шпарта од Ѓорче до Железара тоа по една година може да значи диплома за завршен курс. А за возачот - магистратура.

Резиденции за писатели во воз

Низ прозорецот пука Пацификот, пред тебе топло кафе и лаптоп, и дур возот речиси бесшумно лизга по пругата единственото нешто што треба да правиш е да напишеш неколку збора за тоа колку ти е убаво. Би се менувале и за Пелагонија, само да има интернет и чиста крпа.

Библиотека на шини

Пред некој ден слушнавме дека се планира реконструкција на железничката станица во Скопје. Еве предлог што да се направи во културно-уметничкиот домен, од некоја стара композиција. И онака повеќето се такви.

Највредниот билет за воз

Еден единствен билет е разликата дали бездомниците од Њу Џерси ќе ја преживеат вечерта на топло или ќе ризикуваат да измрзнат од студ.

Денот на железницата

Итаме кон Гринзборо, Северна Каролина, градот Винстон Салем. Сега цигара звучи уште послатко ама не даваат пустите да чуриш на возов. Ајде тој Шарлот нека се појави на видик па да изедам две Камел без филтер.