Барцелона, најефтиното предградие на Лондон

Англичани се шокираа откако на еден блог ја прочитаа пресметката по која испаѓа дека им е поефтино да живеат во Барцелона и секој ден со авион да доаѓаат и да си одат од Лондон.

Човек од Лондон месечно може да заштеди 387 фунти доколку живее во Барцелона и четири пати неделно со Рајан-ер доаѓа на работа во главниот град на Англија.

За да му биде фер пресметката, Сем Кокни ги зел предвид цените на живеење во ексклузивни делови на овие градови, при што во Лес Кортс во католонската престолнина би му следувал и трособен стан, наместо двособен како во лондонскиот Вест Хемпстед.

Неговиот блог пост предизвика лавина реакции па луѓе почнаа да вадат детали, дека човекот не зел предвид промена на цените на вионските карти и слично.

"Јас не мислев да ги повикувам луѓето масовно да се преселуваат во Барцелона туку само сакав да покажам дека цените на живеење во Лондон се неодржливо високи," вели Кокни.

За само една година (јули 2012-2013), цените на недвижнини во Лондон се покачиле за 9,7 проценти.

31 октомври 2013 - 10:23