Бизнис

А ќе речеш, мастики продаваат

Прехрамбениот гигант Монделез, оние кои прават чоколадите Тоблероне и колачињата Орео, решија да продадат само една гранка од својот бизнис, онаа за мастики за џвакање, во која имаат брендови како Тридент и Дентин. На таа основа укнижија една милијарда и 350 милиони долари.

Само за струја цехот на ЕУ од војната во Украина до сега е 1.000 милијарди долари

Најлошото околу финансиското страдање на Унијата заради цените на енергенсите е што тоа е само почеток на најголемата криза што се случила во последните децении, пишува Блумберг.

Што тоа се случи со ПејПал?

Во 1998-ма година, оваа моќна платформа за финансиски трансакции беше создадена за да им се даде моќ и независност на индивидуалци ширум светот. Денес, на чудење на нејзините основачи, се повеќе заликува на кинескиот модел во кој апсолутно сè е поврзано со државата.

Како воопшто Сем Бенкман-Фрид стигна до милијарди долари од ништо?

Случајот со пропаста на ФТХ е уште едно упорно повторување на правилото дека ако нешто изгледа премногу добро за да биде вистина, тогаш веројатно е, и само треба малку да почекаш за да видиш каде е лагата. Основачот на ФТХ и целата операција, Сем Бенкман-Фрид деновиве беше уапсен на Бахамите по барање на САД.

Нè чека рецесија каква што не сме виделе

Предупредувањето е од инвестицискиот фонд Блекрок кој има удел во пола од најуспешните компании на планетава и според нив сегашните мерки за централните банки за смирување на инфлацијата само ја местат глобалната економија за до сега незабележана рецесија.

Основачот на АлиБаба живот живее... во Токио

Како што Кина почна со ставање во ред на технолошките милијардери така едно време малку исчезна најмоќниот меѓу нив, Џек Ма. По неколку месеци тој повторно се појави како ништо да не било, па реши дека можеби повеќе ќе му одговара промена на климата и целосно се пресели во Јапонија.

Британија „тивко“ увезува милиони фунти руска нафта

Само во јуни и јули годинава, на британските пристаништа е испорачана руска нафта во вредност од 94 милиони долари. Нафтата само на хартија нема руско потекло.

Девојката опседната со Хари Потер и полигамија одговорна за милијардите на ФТХ

Како што продолжува имплозијата на крипто-берзата ФТХ, така на површина излегуваат работи што инвеститорите би требало да ги знаат пред да истурат милијарди во фирмата, пример дека целото раководство е „банда деца“ во полигамна врска меѓу себе.

Ајде да ни објаснат што е тоа ФТХ, најголемата крипто измама и крах за 2022

Сем Бенкман-Фрид (СБФ) е човекот кој ја основа компанијата ФТХ и објавува сопствена криптовалута (ФТТ) која откако достигна вредност од десетици милијарди долари минатата недела се покажа дека е чиста пирамидална шема и комплетно крахира.

Тешко дека може и ограничување на цената на гасот и гас од Катар

Европскиот предлог за ограничување на цената што се плаќа за природниот гас е „дволичен“ а мешањето во работата на парите е спротивно со правилата за конкуренција што ги има самата Европска унија, е пораката од Доха за Брисел.

Како Русија може да го заобиколи ограничувањето на цената на нафтата од Г7

Неофицијалните граници на цената на нафтата од 40 до 75 долари по барел во времето на Трамп се одржуваа со комбинација на закани (повлекување на армијата од Саудиска Арабија) и награди (гаранции за зголемување на воената помош). Проблемот со овој пристап е што Саудиска Арабија ниту е нуклеарна сила, ниту е сред инвазија на европско тло.

Руските пари најдоа засолниште

Малку позната филијала на главната руска берза е претворена во витален линк на Русија со глобалниот финансиски систем преку кој милијарди долари и евра од продажбата на гориво и други суровини се вливаат во земјата.

Трчај, трчај, санкции

Најмалку 91 холандска компанија имаат амин од тамошната влада за изземање од санкциите на ЕУ против Русија и продолжување на работата со руски фирми и институции.

Закерберг, пепел

Реалноста е дека Закерберг за 13 месеци има изгубено над 100 милијарди долари од вредноста. Исто така реалност е и дека сега ќе треба да живее со само 38 милијарди долари. Негово е да одбере која реалност ќе ја сфати посериозно.

Светот никогаш немал енергетска криза како оваа

Длабочината и комплексноста на сегашната енергетска криза не се видени до сега, алармира најлошиот извор од кој може да дојде оваа порака, првиот човек на Меѓународната агенција за енергија.

Речиси и да нема шанса Америка да не влезе во рецесија

Американската рецесија е сигурно дека ќе се случи во следните 12 месеци покажале проекциите на Блумберг економикс, според кои, од 65% на последните пресметки, шансите за рецесија сега се зголемиле на 100%.

Европа си легна на енергетската криза

Унијата може да се пофали со успесите што Украина ги имаше на фронтот благодарејќи на воената помош што и ја испрати. Истото не важи и за битките што Европа ги води против Русија на енергетскиот фронт.

Како што Европа паѓа во рецесија, Русија излегува

Додека Европа се тресе на работ на длабока рецесија, економската ситуација во Русија се подобрува, пишува магазинот Економист.

ММФ многу мрачен околу глобалната економија

Од фондот предупредуваат дека следната година глобалната економија ќе изгледа како да е во рецесија заради што тие од сега се подготвени уште една[ да ги снижат економските прогнози за 2023.

Американските ЦЕО-а се подготвуваат за рецесија што ќе трае

Првите луѓе на најголемите американски компании не веруваат дека неколкуте историски големи зголемувања на каматните стапки во САД ќе имаат хепиенд за американската економија.

Како Белата куќа не успеа да го одврати ОПЕК од кратење на производството

ОПЕК+ објави намалување на дневното производство на нафта за 2 милиони барела како би се кренала цената на нафтата. САД со месеци вршеа масовен притисок врз производителите на нафта ова да не се случи.

Америка за прв пат достигна долг од 31 илјада милијарди долари

Под заштита од ниските каматни стапки американското задолжување долги години се сметаше за одржливо. И тоа така тераше се до периодов кога каматните стапки почнаа да се креваат.

Саудиска Арабија и Русија ќе ја затвораат славината за нафта

Во очигледен инает на САД, а во корист на Москва, Саудијците е најавено дека ќе објават значително кратење на производството на сировата нафта како би ја зголемиле нејзината цена на светските берзи.

Кина едвај постигнува со производство на електрични ќебиња за Европа

Иако логиката не им е баш непробојна, Европејците периодов навалиле на купување електрични ќебиња од Кина како превентива од проблемите со греење во зимските месеци.