А ќе речеш, мастики продаваат

Прехрамбениот гигант Монделез, оние кои прават чоколадите Тоблероне и колачињата Орео, решија да продадат само една гранка од својот бизнис, онаа за мастики за џвакање, во која имаат брендови како Тридент и Дентин. На таа основа укнижија една милијарда и 350 милиони долари.

Купувач на џвакачкиот бизнис е Перфети Ван Меле, европски производител на мастики и бонбони кои ги имаат Ментос и Чупа Чупс а во зделката се вклучени производните капацитети на Монделез во Рокфорд (Илиноис) и Скарбимиерц (Полска).

Тие го преземаат бизнисот со мастики во САД, Канада и Европа а Монделез се обидува да го трансформира својот бизнис модел за кој пандемијата не беше нежна, со план 90% од приходите да доаѓаат од чоколади и бисквити.

За таа цел годинава ги купија Клиф Бар кои произведуваат енергетски штангли за 2,9 милијарди долари и грчката фирма Чипита за 2 милијарди долари.

Од ним познати причини, Монделез инсистирал да се задржи на пазарот во Франција.

 

 

22 декември 2022 - 12:52