ММФ многу мрачен околу глобалната економија

Од фондот предупредуваат дека следната година глобалната економија ќе изгледа како да е во рецесија заради што тие од сега се подготвени уште една[ да ги снижат економските прогнози за 2023.

Една третина од светските економии во 2023 ќе минат низ најмалку два квартала намалување на намалување на економската активност, предвидува директорката на ММФ Кристалина Георгиева. Таа објаснува дека комбинацијата на „намалени реални приходи и растечки цени“ ќе значи дека многу други држави ќе се чувствуваат како да се во рецесија, дури и ако немаат директен пад во годишниот производ.

Георгиева изјавува дека кај сите големи светски економии има забавување на растот, и дека на краток рок ситуацијата „е поверојатно да стане полоша отколку подобра“.

Со сето ова предвид ММФ сака централните банки да продолжат да ја стегаат монетарната политика за да можат да се справат со инфлацискиот притисок.

„Недоволното стегање ќе предизвика инфлацијата да се вкорени кај компаниите, што ќе повлече идните каматни стапки да бидат многу повисоки, предизвикувајќи масовна штета на економскиот раст и масовна штета врз народот,“ изјавила Георгиева.

Без да ги именува Британија или Германија, Георгиева ја осудила неодамна најавената државна интервенција за справување со високите цени на енергијата со тоа што домаќинствата и фирмите ќе се заштитат од растот на цената.

Повикувајќи на привремена и таргетирана поддршка за ранливите семејства, Георгиева изјавила дека „контролирањето на цените на долг рок не е евтино, ниту е ефикасно“. Таа алармира на инфлацискиот ризик што доаѓа од внесување на премногу пари во економијата за да се заштитат домаќинствата во време кога централните банки ги креваат каматните стапки за да се намали потрошувачката и да се врати инфлацијата на ниски нивоа.

„Додека монетарната политика крева рачна, не би требало да имаш фискална политика која притиска на гасот. Тоа ќе доведе до многу непријатно и опасно возење,“ изјавила Георгиева.

10 октомври 2022 - 10:26