Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост

Сред аферата со можната руска вмешаност во американските избори, Вашингтон Пост пушта многу посериозна вест: не само изборите, Русите успеале да ја хакираат цела електрична мрежа во САД! По сите параметри, вест која на угледниот медиум би можела да му донесе уште еден Пулицер. Само што, нема везе.

На последниот ден од старата година, Вашингтон Пост пушти алармантна вест: руските хакери успеале да пенетрираат во енергетскиот систем на САД преку електричната мрежа на Вермонт.

Веќе првата реченица од статијата директно го поврза ова со сајбер нападите на меиловите на Демократите (за кои веднаш се обвинија руските хакери) преку истоветното кодно име на операцијата (Grizzly Steppe) после која Обама воведе санкции и протера руски дипломати. 

Статијата содржеше и изјави на политичари кои се даваат после терористички напад. 

"Луѓето на Вермонт и сите граѓани на САД треба да бидат алармирани и гневни што еден од водечките светски битанги, Владимир Путин, се обидува да ја хакне нашата електрична мрежа која го овозможува нашиот квалитет на живеење, економијата, здравството и безбедноста. Оваа епизода треба да ја нагласи ургентната потреба нашата федерална влада жестоко да го гони и сопре ваквото руско натрапништво", изјави гувернерот на Вермонт питер Шумлин. 

Статијата на Пост продолжува со стандардните тактики кои американските медиуми ги користат во вакви прилики: се цитираат анонимни извори за национална безбедност, се прави ретроспектива на минатото за да се долови континуитетот во злонамерноста на непријателот и се скицираат најстрашните можни сценарија, со реченици од типот: "Останува прашањето: Дали (Русите) се влезени и во другите наши системи и која е нивната крајна намера?"

Медиумските реакции беа очекувано хистерични, запаливи и фокусирани кон светското зло собрано во Владимир Путин.

Сторијата на Пот очекувано брзо ги инфицирашње и другите големи медиумски формати. Ројтерс им кажа на своите чиатели од целиот свет: "Постојат извештаи дека малициозен код поврзан со руските хакери бил внесен во системот на една електрана во Вермонт".

Ок, што е проблемот? Па, не постои такво нешто.

Нема "пенетрација во електричната мрежа на САД." Вистината е банална и далеку помалку драматична. Откако го добива известувањето од националната служба за безбедност пратена до сите енергетски капацитети во земјата (а испратено по аферата со меиловите), електраната Барлингтон електрик ги скенира сите компјутери и наидува на хакерскиот код, во еден единствен лаптоп кој НЕ бил поврзан со мрежата.

Се чини дека Вашингтон Пост не се замарале ни да ја контактираат електраната пред да го пуштат својот сензационалистички наслов па тие подоцна мораа самите да објаснат за што се работи.  

Згора на се, не постои никаков доказ дека баш руските хакери го имплантирале кодот во тој лаптоп. Тоа што кодот е руски не значи дека само Руси можат да го користат (како што секое убиство со калашниов автоматски не значи дека дека го извеле Руси).

Откако се дозна дека се истрчале понесени од атмосферата "сè проаѓа кога се во прашање Русите", Вашингтон Пост прво го ублажи насловот па клучното тврдење "руски хакери ја пенетрирале американската електрична мрежа" се претвори во "ризик за електричната мрежа на САД."

А неколку дена подоцна по хистеријата која ја предизвикаа, Вашингтон пост ја едитираше сторијата и призна дека е лажна.

Се чини дека американските журналистички стандарди не важат кога се во прашање Русите.