Реакциите на Реал и Атлетико крај аут линија во дуелите за титула

Одамна немало вака бурна сезона во шпанска Ла Лига како 2020/2021. До самиот финиш за титулата се бореа Атлетико, Реал и Барселона, па на коло до крајот во игра се само мадридските гиганти.

Атлетико Мадрид во претпоследното коло на неверојатен начин освои 3 бода против Осасуна. Гостите водеа 0-1 во 75' минута и кога сите очекуваа Реал да добие пенал шанса за титулата, Атлетико ја врти 2-1 со головите на Ренан Лоди во 82' и Луис Суарез во 88' минута. 

Еве како беше од страна на дуелите на Реал и Атлетико паралелно додека резултатите се менуваа:

Погледнете што проживуваше Диего Симеоне на тој меч:

Во последното коло во Ла Лига се очекува нова драма. Сите натпревари за закажани за сабота од 18:00 часот, почнуваат во исто време а Атлетико Мадрид ќе гостува кај Ваљадолид кој грчевито се бори за опстанок.

Реал ќе го пречека Виљареал на кого му се неопходни бодови за пласман во Лига Европа следната сезона, а ги очекува и финале на Лига Европа против Манчестер Јунајтед.