Таг: диего симеоне

Пораз дома во нокаут фаза од ЛШ не доаѓа предвид кај Симеоне

Некои статистички податоци знаат да бидат брутално силни и ретки во фудбалот. Пазете го ова. Во својот нецел 13 годишен мандат во Атлетико Мадрид, Диего Симеоне во нокаут фаза од ЛШ на домшен терен има: 11 победи, 6 нерешени и 0 порази, како и 20 дадени и 5 примени голови. Дури на 12 од тие 17 меча не дозволиле да примат гол. Прав газда.

Симеоне до толку не мирува што му доаѓаше и во Интер да направи измена

Ако Свен Горан Ериксон е пример за ладен ко шрицер на клупа, Диего Симеоне ти е скроз спротивна приказна и тој не ни седи. Еден од најживчаните тренери во светот, кој 90 минути цупка, шета лево десно и постојано мавта со рацете. Циркузи е на моменти.

Изгубениот Потер да ти бил платен три пати повеќе од Чави

Ништо не ни е јасно околу концептот на новите американски газди на Челси. Држеа шест месеци тренер со седум годишно искуство во шведска четврта лига и го направија поплатен од Мурињо, Анчелоти и Тухел.

Најдолгата врска во европскиот фудбал ја имаат Симеоне и Атлетико

Во ера на модерен фудбал со многу пари, договори со разно разни клаузули и плати кои станаа нереално високи, се изретчија приказни како онаа на Ел Чоло. Аргентинецот е најверен, ама и најскап.

Само Симеоне може да игра фудбал без напаѓач и шах без крал

Ел Чоло на одмор игра шах со син му, а фотографијата е хит, бидејќи стратегот на Атлетико Мадрид има кралица, ама не и крал. На социјалните мрежи се водат битки меѓу мајтапџиите. Еден вели дека го пратил кралот да го паркира автобусот, друг дека оди на 0:0, трет дека игра без крал за инат на Реал, а четврти тоа што го искористивме како наслов.

Џовани го имитира татко му Диего Симеоне, ама оригинал

Џовани Симеоне од Верона се ожени на 26 години и кога се дотера во стилот на татко му, мислиш него го гледаш. Му ги кине потезите кои ги прави на клупа. Оригинал.

Напад врз автобусот на Атлетико, Симеоне не им се плашеше

Хаотични сцени после Куп натпреварот во Шпанија кој го доби Реал Сосиедад против Атлетико Мадрид со 2:0. Навивачите на домашниот тим фрлаа со предмети, клоцаа во вратата, а од околу полиција, молотови коктели, димни бомби..Ел Чоло мака немаше и не го допираше хаосот и насилието, туку напротив им доаѓаше да им рипне.

Читачи од усни за Симеоне и клупата на Атлетико

Шоуто El Día Después точно ги дешифрира зборовите на Чоло Симеоне и фудбалерите на клупата за резерви за време на лудиот меч со Еспањол на гости. Атлетико Мадрид успеа да слави 1:2 со гол дури во длабоко судиско продолжение, во 90+9’ минута. Еве како реагираше Диего Пабло Симеоне.

Шампионската сага на Атлетико Мадрид од почеток до крај

„Ние не сме Атлетико ако не страдаме“ е една од познатите фрази меѓу навивачите на „јорганџиите“ од Мадрид. И така беше сезонава која што на крај ја крунисаа со 11-та титула, можеби најдрага за навивачите затоа што многу се намачија до неа.

Реакциите на Реал и Атлетико крај аут линија во дуелите за титула

Одамна немало вака бурна сезона во шпанска Ла Лига како 2020/2021. До самиот финиш за титулата се бореа Атлетико, Реал и Барселона, па на коло до крајот во игра се само мадридските гиганти.

Многу емоции и солзи на Анчелоти и Симеоне за Марадона

Карло Анчелоти и Диего Марадона никогаш не играа заедно, туку беа противници како играчи на Наполи и Милан на почеток на 90-те. Но стратегот на Евертон делуваше скршено додека му оддаваше почит пред мечот со Лидс, како да го испраќа најдобриот другар.

Симеоне е експерт за трансфери и е близу на Атлетико да му донесе милијарда евра

Само четири клубови во светот во последниве 10 сезони заработиле повеќе пари од трансфери од Мадриѓаните. Со аргентинскиот стратег најпрофитабилно лето клубот имал лани во кое од играчи инкасирал 312,5 милиони евра.

Кога Чоло Симеоне со 12 Аргентинци во Катанија го скроти Јувентус

Никогаш претходно и никогаш подоцна еден тим во составот немал толку многу фудбалери од странска земја, како екипата од јужна Италија во таа 2006-та.

Кај Симеоне дома на 2:3

На Ливерпул, ваков како што е опасен и полетен со Клоп и плус бранител на европската титула, да му одиш на гости, да губиш 2:0, а потоа да му пикнеш 3 комада во продолженија, треба стварно да си мангупиште. Чоло синоќа беше, а дома имаше џумбус кој го снимаше жена му.

Спремни за полетување, се враќа Лига на шампиони

После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.

Симеоне кине нерви, а Марсело му се смее

На Атлетико Мадрид не му оди нај нај сезонава и моментално е шести. Со триумфот од 1:0 градскиот ривал им избега 13 бода. Јасно е дека темперамент како Ел Чоло не ти седнува на клупа, особено не на дерби. Од клупата на Реал го реметеа затоа што цело време мавта.

Магијата на третолигашот кој ги исфрли Чоло и Атлетико Мадрид од Купот

Првпат после 2011-та година, Атлетико Мадрид изгуби во шпанскиот Копа дел Реј од екипа во подолна лига. Синоќа против Културал Леонеса, Атлетико поведе преку Анхел Кореа во 62’ минута, но домаќините се изборија за продолженија преку Хулен Кастанеда. Во 108’ минута Серхио Бенито со волеј ги исфрли „јорганџиите“ од Купот.

Како Ел Чоло ги пречека играчите пред соблекувална

Страшен мотиватор, голем темперамент и човек кој си ја работи работата со голема страст. Можеби некој мисли дека е во елемент само тие 90 минути, ама жарот го има и после натпревар. Погледнете го колку е среќен за победата. Ги чекаше еден по еден за да им честита.

Реакцијава на Симеоне само потврдува каков монструм од играч е Лео Меси

Атлетико е Атлетико со Ел Чоло. 90 минути гризе, игра цврсто и одлично им парира на Реал и Барса низ годиниве. Ама и 120% да дадат од себе, пак е џабе кога треба да се чува најдобриот.

Диего Симеоне само еднаш бил патосиран на терен

И тоа боксерски патосиран, во права смисла на зборот. За време на еден дуел меѓу Севиља за која играше Аргентинецот и Барселона чиј дрес го носеше Ромарио. Бразилецот после еден центаршут му удира толку силна тупаница на Чоло после што овој не можел да стане.

Атлетико веќе не е клуб на пролетаријатот, за 2 години потрошиле 562 милиони на трансфери

Нема веќе блискост со работничката класа, барем не преку трансфер политиката и големите трошења за брзи напаѓачи кои едно време бегаа од Атлетико кој игра деструктивен фудал со Симеоне.

„На стадионот беше најдобриот играч на светот, мило ми е што Роналдо дојде да го види“

Атлетико Мадрид плаќа 120 милиони евра за најголемата надеж на португалскиот фудбал и најголемиот талент во Европа во моментов кој има само една сезона сениорски фудбал и затоа овој трансфер е големо изненадување.

Кристијано му врати на Симеоне со истиот гест

Откако тренерот на Атлетико на првиот меч непримерено гестикулираше големи мадиња, Португалецот синоќа после еден од трите гола возврати со иста мерка. Симеоне за гестот беше казнет со 20.000 евра.

Пцовка на денот за Симеоне

Многу реакции предизвика Диего Симеоне со прославата при првиот гол на Атлетико. Мислењата се поделени, едни го обожаваат што е таков, други велат дека е лош пример, а тој изјави дека не навредувал никој, туку им се свртел на своите навивачи за да им каже дека сепак имаат мадиња и против еден Јуве. Него што сакал овој да каже со коментарот?