Турците ќе бркаат чудо, Борусија со златна шанса

Вечерашните реванш четвртфинални мечеви ќе ги даде првите два патника во големата четворка од Лигата на шампионите. Галатасарај ја има најтешката мисија против „Кралевите“ и ќе брка негатива од 3:0, а картите на мечот Борусија Дортмунд – Малага се целосно отворени со оглед на оние 0:0 од првиот меч.

Галатасарај – Реал Мадрид
-Екипата на Галатасарај оваа сезона во Лигата на шампионите победи само еден натпревар пред своите навивачи.
-Турскиот претставник има скор од 5 победи, 2 нерешени и 5 порази против шпанските екипи, а последната победа против шпански тим им е токму против Реал Мадрид во четвртфиналето од ЛШ во сезоната 2000/2001 од 3:2.
-Галатасарај има 12 примени гола, повеќе од сите четврфиналисти.
-Фудбалерите на Фатих Терим направиле 135 фаули, најмногу од сите. Заедно со Баерн Минхен се рекордери по направени жолти картони, по 23.
-Реал Мадрид се непобедлив тим на последните 12 меча на сите натпреварувања со 10 победи и 2 нерешени.
-Кристијано Роналдо до сега е најдобар стрелец оваа сезона во елитното натпреварување со 9 постигнати гола.
-Жозе Мурињо има 100 процентен учинок во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите со сите екипи. Порто (2004), Челси (2005, 2007), Интер (2010) и со Реал Мадрид (2011 и 2012).

Борусија Дортмунд – Малага
-Екипата на Борусија Дортмунд ремизирала 8 пати но нокаут фазите на првите мечеви и потоа услеала да избори пласман во 6 наврати.
-Составот на Јурген Клоп е единствената екипа без пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.
-Германците ги победија сите 4 натпревари на домашен терен во ЛШ и примија само еден гол.
-Фудбалерите на Малата имаат само 6 победи на 19 натпревари во 2013 година.
-Мануел Пелегрини е во обид по втор пат во својата кариера со дебитантски тим во Лигата на шампионите да стигне до полуфиналето. Тоа му успеа со Виљареал пред 7 години.
-Во елитното натпреварување Малага успеала да оствари само една победа на гостински терен оваа сезона.
-Роман Вајденфелер и Марсел Шмелцер ги одиграа сите можни минути оваа сезона во ЛШ за Борусија.