Торес пречекан на Калдерон

И покрај поразите на Реал Мадрид и Барса во шпанската лига, викендов во Примера го одбележа враќањето на Фернандо Торес. Ел Нињо беше пречекан на Висенте Калдерон од 45.000 гледачи, кои дојдоа да го поздрават нивниот миленик. Торес веројатно ќе заигра во градското дерби против Реал Мадрид следниот викенд, а во Атлетико дојде на 1-ипол годишна позајмица.