Алегри тотално полуде и почна да се соблекува на крај

Чуден и многу нервен лик е Масимилијано Алегри. Збеснува и кога победува и кога губи. Заминува како втор најтрофеен тренер на Јувентус, веднаш зад Џовани Трапатони.

Со голот на Душан Влаховиќ по само 4 минути игра, Јувентус ја совлада Аталанта на Олимпико во Рим и го прослави Купот на Италија број 15.

Натпревар по кој на насловните страни се најде Макс Алегри кој заминува од клубот во негов стил, со трофеј, но и со бес кон судиите.

Алегри експлодираше буквално во финишот од финалето кога требаше да се спрема за славје. Прво го совлече палтото, па вратоврската, а за реакцијата се разбира доби црвен картон.

56 годишниот стратег стана рекордер со 5 трофеи во италијанскиот Куп со што ги мина Свен Горан Ериксон и Роберто Манчини.

Заминува после два циклуса (2014-2019 и 2021-2024) во кои освои 12 трофеи или 5 Скудета, 5 Купови и 2 Супер Купови на 422 средби.

Пред него е само Џовани Трапатони и по број на трофеи (14 во 11 сезони) и по број на настапи (596).

Нервозниот Алегри на два пати го однесе Јувентус и во финалето на ЛШ, против Барселона (2015) и Реал Мадрид (2017). 

Навивачите ќе го паметат по успесите во првиот мандат, бидејќи во вториот им го донесе само синоќешниот Куп.

Барем имаше кратко замена

16 мај 2024 - 09:21