Најголемиот талент во школата на Реал Мадрид

Во познатата Фабрика, академијата на славниот Реал Мадрид неодамна признание за најдобар играч на сезоната во младинските категории добил малиот Уго Ернандез. Права 10-ка, топката му се лепи за нога, а овој бисер ако продолжи да го надоградува својот раскошен талент наскоро може да биде и во прв тим.

Има 11 години, менаџер му е Хорхе Мендез и веќе потпишал 6-годишен полу-професионален договор со Најк познат како договор Top, предвиден за најталентираните спортисти на светот.

15 мај 2024 - 15:27