Скандалозно видео на јавниот обвинител: Голем навивач сум на Наполи, го мразам Јувентус

Само две недели откако во Серија А пукна голем скандал со финансиски малверзации во кој првообвинет е Јувентус, човекот кој има задача да ги докаже измамите на бјанконерите, на јавен настап изјавува дека ги мрази.

Неочекуваниот говор на Чиро Санториело бруи во италијански медиуми, бидејќи токму тој ја води истрагата за случајот Призма во која Јувентус е казнет со одземање на 15 бода.

Се работи за форум организиран од адвокатски канцеларии на 14 јуни 2019-та на кој се зборува за буџетски и капитални добивки.

Тонот на Санториело е на моменти пријатен, а некои од неговите коментари се проследени со смеа и аплаузи, пишува Газета дело Спорт.

„Признавам, јас сум голем навивач на Наполи и го мразам Јувентус“, вели обвинителот.

„Санториело е секако одличен јавен обвинител, но тоа што вели дека е анти јувентино додека извршува функција како обвинител е искрено зачудувачки, особено со леснотијата и несоодветноста“, пишува новинарот Џовани Капуано.

Италијанските медиуми пренесуваат дека постои уште едно видео во кое се случува следнава конверзација.

„Да се држиме подалеку од тоа дека вие сте обвинител, а јас адвокат. Вие навивате за Наполи, а јас за Интер“.

Санториело на тоа му одговара: Добро ај доста со Јувентус.

Со реакција на Твитер се јави Министерот за Спорт Андреа Абоди:

„Видов, слушнав и забележав во согласност со улогите за соодветни проверки и проценки. За сега мислам дека е коректно да застанам овде“.

На социјалните мрежи гори, а еден од коментарите гласи вака: 

„Ова е напад врз 15 милиони италијански навивачи на Јувентус. Потребна е реакција на Министерството за правда, а исто и на Министерството за спорт, како и на Италијанската фудбалска федерација.

Газета дело спорт

За што точно Јувентус е казнет со одземање 15 бода поради што падна на табела?

Кои трансфери се сомнителни во Јувентус, но и во Интер, Милан, Наполи, Лил?

7 февруари 2023 - 14:58