Реал растеретен против Шалке, Порто без Џексон Мартинез

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва против Шалке може да го срушат рекордот на домашни победи во Лигата на шампионите и да стигнат до 12 триумфи пред своите гледачи по ред. Базел ќе брка гол во Порто, кој игра без својот најдобар стрелец од Колумбија.

РЕАЛ МАДРИД - ШАЛКЕ 20:45

 - Екипите по втор пат во две сезони се среќаваат во оваа фаза од ЛШ. Лани Реал славеше убедливо со вкупен резултат 6-1.

- Кралскиот клуб три пати победувал германски екипи во европските финалиња: А. Франкфурт 7-3 во 1960, Б. Леверкузен 2-1 во 2002 (и двете во Глазгов) и Келн во УЕФА купот со вкупен резултат 5-2 во 1986.

- „Меренгес“ загубиле само еднаш на 29 натпревари во кои победиле на првиот меч.

- Реал сезонава ќе се обиде да стане првиот тим што успеал да го одбрани трофејот во ЛШ, освоен лани против Атлетико Мадрид 4-1.

- Карло Анчелоти против германските клубови како тренер и играч има 8 победи 1 нерешена и 4 порази.

- Шалке загуби на сите три гостувања во Мадрид, два пати од Атлетико и еднаш од Реал лани.

- На 26 натпревари против шпанските клубови, тимот од Гелзенкирхен има 2 победи 5 нерешени и 6 порази.

- Најголем успех на Шалке во ЛШ е оној од сезоната 2010/2011 кога испаднаа од Манчестер Јунајтед во 1/2 финалето.

- Навивачите на Шалке веќе неколку години се збратимени со вардаровите Комити. Двете навивачки групи неретко заедно ги следат дуелите на своите тимови, во Германија и во Македонија. 

Можни состави:

Мадрид - Касиљас, Карвахал, Варан, Пепе, Марсело, Лукас Силва, Крос, Иско, Бејл, Бензема, Роналдо.

отсутни: Рамос и Хамес Родригез (повредени).

Шалке - Веленројтер, Ховедес, Матип, Настасиќ, Учида, Фухс, Нојштадер, Барнета, Мејер, Чупо-Мотинг, Хунтелар.

отсутни: Фарман, Колашинац, Дракслер, Кирхоф, Фарфан, Обаси, Гифер (повредени), Боатенг (суспендиран).

ПОРТО - БАЗЕЛ 20:45

- Првиот меч во Швајцарија заврши 1-1.

- „Змејовите“ од Драгао немаат пораз на својот стадион на последните осум европски натпревари. Славеа пет пати и три пати одиграа нерешено.

- Порто игра 19. сезона во ЛШ, а дури седми пат во 1/8 финалната фаза. На врвот на Европа се качија во 2004. година под водство на Жозе Мурињо.

- Порто ќе игра без најдобриот стрелец и капитен Џексон Мартинез.

- На последните шест натпревари во сите натпреварувања, Базел има 3 победи, 1 пораз и 2 нерешени, кои дојдоа на последните две средби.

- Порто има дури 5 победи и само една нерешена, онаа против Базел на гости.

- Тренерот на Базел, Португалецот Пауло Соуса ќе се врати во својата татковина каде најави офанзивна и отворена игра против Порто.

- Базел дал само 4 голови во 11 натпревари против португалските екипи. Во Португалија, тимот од Сент Јакоб имаат 3 нерешени и 2 порази.

Можни состави:

Порто - Фабиано, Алекс Сандро, Маикон, Маркано, Данило, Каземиро, Ерера, Евандро, Брахими, Тељо, Абубакар.

отсутен: Џексон Мартинез (повреда), Делгадо (настинка).

Базел - Вацлик, Џака, Шарм, Саумел, Сафари, Фрај, Елени, Гонзалес, Ѕуфи, Гаши, Штрелер.

отсутни: Иванов, Траоре и Делгадо (повредени), Сухи (казнет).

Играј ги во Специјалната супер сингл понуда на Типстер