Уставот не е парче хартија

- Дали е точно дека американска заклетва секогаш се дава со положување рака на корица нa Библија?
- Обџекшн, го аналогизирате сведокот!

Наместо на кожна корица од Библија, новата американска амбасадорка во Швајцарија и Лихтенштајн положи заклетва ставајќи рака на електронски читач.

Со тоа Сузи ЛеВин стана првата американска службеничка која положи заклетва на дигитална копија на американскиот устав. Со церемонијата на предавањето на должноста дигиначалствуваше американскиот потпретседател Џо Бајден а ридерот на Сузи ѝ го држеа нејзиниот син и ќерка.

Посебен шмек на приказната дава фактот што уставот беше отворен кај 19-от амандман, оној кој на жената ѝ  дава рамноправност на глас. Особено ако се знае кога во Швајцарија им беше дозволено на жените да гласаат рамноправно (да, последни во Европа!).

Бајден, Суси и останатиот дипломатски кор беа доволни претпазливи па избраа неименуван е-читач, за да не ја вплеткуваат Владата непотребно во актуелната војна на ридерите, особено меѓу Киндл и Нук.

3 јуни 2014 - 09:21