Пандев го објаснува херојскиот гол со кој го исфрли Баерн од нокаут фаза во ЛШ

Во недела во која Интер игра со Баерн во ЛШ, за интервју се бара Горан Пандев кој со неодбранлив удар ја замолчи Алијанц арената.

Се работи за сезоната 2010/2011 во која Марио Гомез на Сан Сиро постигна гол во 90-та минута за триумф од 0:1 и му го искомплицира осминафиналето на бранителот на титулата.

Во Минхен се биеше тешка битка. Ето го отвори резултатот уште во 4 минута, но Гомез и Милер за 10 минути во првиот дел го свртија резултатот.

За момците на Мурињо имаше уште многу работа и во таква ситуација за четвртфинале им требаше да одговорат со два гола и победа од 2:3.

Снајдер израмни во 63-та минута, а 88-ма ќе остане незаборавна за Горан, Интер и нивните навивачи. Токму македонската легенда ја објаснува драмата на крај.

„Бев многу уморен, но кога видов дека Снајдер го игра Ето, знаев дека Самуел ќе ја одигра и си реков Горан направи го последниот трк. Потоа ми направи одлична асистенција, ми дојде на лева и влезе во агол. Не ни гледав каде шутирам.

Кога гледаш дека ти доаѓа топка даваш 1000% од себе за да ја сместиш во гол. Ето одигра одлично, а мене ми преостана само да ја сместам. Бевме во тешкотии, но големи екипи се гледаат во вакви моменти. Што можам да кажам за Ето? Голем играч и шампион кој ни помогна да освоиме трофеи“.

3 ноември 2022 - 14:56