Венгер научил како се хранат Јапонците, го применил тоа и станал непобедлив со Арсенал

Легендарноста на Арсен Венгер во Арсенал може да се опише со еден збор: непобедливост.

Како тренер на Арсенал му донесе три титули во Премиер лига, 7 англиски Купови и 7 Суперкупа на Англија. Но сите победи ги почнал надвор од фудбалскиот терен: во соблекувална, во клупскиот автобус, во теретана па дури и на трпезариска маса.

ВЕНГЕР Ѝ БИЛ БЛАГОДАРЕН НА ЈАПОНСКАТА КУЛТУРА ЗА УСПЕСИТЕ СО АРСЕНАЛ

Во сезоната 1993/1994 Монако првпат откако тренер им бил Арсен Венгер паднал подолу од 3 место во Лига 1. После ваков исход се зборувало за негова смена, а за Венгер се интересирал Баерн Минхен.

Иако во последен момент Монако го продолжил договорот со Арсен, на почетокот на новата сезона после лош старт го отпуштиле по 7 години соработка. Смислата на својот тренерски талент Венгер ја нашол на далечниот Исток.

Во 1993-та година во Јапонија се основала професионална фудбалска лига но главните луѓе знаеле дека без да привлечат странски кадар, тешко ќе се развијат.

Затоа во исто време во Џеј-лигата на Јапонија заиграле Гари Линекер, Драган Стојковиќ Пикси, Гвидо Бухвалд и многу други ѕвезди меѓу кои и Арсен Венгер.

Изборот на Венгер да оди да тренира клуб во Јапонија бил чуден. Арсен во тоа време млад и перспективен, имал понуди и од европски топ клубови но ја избрал јапонска Нагоја за која никој никогаш не слушнал.

Целата работа била во стремежот на Венгер за учење и развој.

„Мојот светоглед сега е изменет во целост. Ова беше многу позитивно искуство иако и малку лудо, но среќен сум што ја прифатив понудата“, рекол Венгер.

Главно нешто што Французинот добил во Јапонија е неповторливиот начин на живот и многу разумен однос кон исхраната.

Јапонците се водат по неколку начини на исхрана кои ги прават највитка нација на светот и рекордери по должина на животен век:

- Преовладуваат јаглехидрати со ниско ниво на маснотии и избегнување слатка и солена храна;

- Основата на диетата во Јапонија се житарки и зрна, после нив зеленчук, риба и месо, а овошје и млечни производи само по две порции на ден. Освен тоа Јапонците секогаш претпочитаат локални сезонски продукти кои ги земаат во склад со порциите.

- Секој оброк треба да е балансиран и да вклучува во себе продукти од неколку категории

- Многу важно е и тоа како човек јаде. Во Јапонија практикуваат да уживаат во храната, внимателно конзумираат храна, поради што заситеноста доаѓа побрзо.

ВЕНГЕР СЕ ВЉУБИЛ ВО ЈАПОНСКИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ И ГО ИМПЛЕМЕНТИРАЛ ВО АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ

По престој од 18 месеци во клубот Нагоја, тренерот Венгер станал приврзаник на сите овие правила и упорно ги промовирал во Арсенал уште во 1996-та година.

Многу играчи веќе јаделе оброви онака како биле навикнати. Се потпирале на типична британска кујна која не е баш здрава за професионален спортист: црвено месо, печен грав, традиционалниот фиш-енд-чипс со јако пржена риба и крупно насечкан помфрит.

Венгер направил список на забранети производи.

„Во Англија луѓето јадат многу месо и сладки работи и недоволно зеленчук. А јапонската исхрана е заснована на варен зеленчук, риба и ориз па затоа таму нема дебели луѓе“, рекол Арсен на почетокот во Арсенал.

Таквите новости на играчите им биле бесмислени па имало и забавни комични ситуации во екипата.

Пред еден меч со Блекбурн цел автобус скандирал: „Сакаме чоколадца Марс!“ Венгер се чудел зошто сите играчи молчеле за време на полувремето и дури му се обратил на физиотерапевтот Гери Левин за совет.

Одговорот бил прост: играчите едноставно биле гладни. Арсенал победил со 2:0 но чоколади играчите не добиле.

НАВИКА НА ЗДРАВА ХРАНА И ПОГОЛЕМА КОНДИЦИЈА

После овој случај „Марс-револуцијата“ станала симбол на иновациониот пристап на Венгер кон спортската исхрана која што им ги сменила кариерите на многу фудбалери.

Но некои играчи негирале дека балансирана диета има значај. Тони Адамс признал дека не еднаш го нарушил режимот на Венгер: „Правилна исхрана не менува ништи ако во екипата немаш добри играчи. Сите 6 години под Венгер јас јадев фиш-енд-чипс а секој петок доаѓав на мостот Патни и уживав во пецива и огромни сендвичи додека гледав на реката“.

Неодамна легендарниот Реј Парлоу открил уште една тајна на моќниот и непобедлив Арсенал - девизата „Џвакај за да победиш!“. Пред секој меч Арсен Венгер одел во круг и ја повторувал оваа фраза а некогаш и самите играчи си викале еден со друг: „Џвакај повеќе, џвакај повеќе!.

Реј Парлоу се сеќава: „Кога во тимот дојде Венгер, ние почнавме да јадеме три ипол часа пред натпреварот. Имавме три полни оброци: морска риба камбала, шпагети болоњезе и јогурт или пита со јаболка на крај. Од пијалаци смеевме само вода - ништо газирано. Во трпезаријата влегуваше еден тип и стално повторуваше темелно да џвакаме, на тој начин храната подобро се вари.

ИМ ЗАБРАНИЛ ДА ОДАТ ПО ПАБОВИ И ПИШУВАЛ КАЗНИ ЗА АЛКОХОЛ

Арсен израснал во барот на неговите родители „Златен крст“ (La croix d'or) во Дутленхајм, село на северо-истокот од Франција каде со часови го набљудувал и студирал однесувањето на љубителите на фудбалот.

Кога имал 7 години Венгер помагал, собирал садови и шишиња од масите, но многу сакал да слуша разговори на постарите мажи за фудбал и да учи тактика.

„Нема подобро образование од растење во кафана, зошто таму среќаваш разни луѓе, слушаш нивни муабети, гледаш колку жестоки можат да бидат. Од најрана возраст добиваш практично и психолошки образование, учиш да ги разбираш луѓето.

Не баш често мали деца од пет или шест години живеат со родители на село. За тактиката слушав од луѓе кои доаѓаа во нашието бистро - кој игра лево, кој треба да потпише во клубот“.

Одбивноста кон алкохолот уште од мал му се појавила по многу тепачки, инциденти и грубости кои ги гледал секој ден. После тоа во целост одбивал да пие како млад, иако подоцна во кариерата си дозволувал црвено вино и смислил ново фудбалско правило кое многу ги погодило играчите на Арсенал - алкохол ни капка!

Во '90-те години под водство на Џорџ Грем, фудбалерите на Арсенал се собирале секој четврток и оделе во паб да се препијат. Оваа пракса ја почнал Тони Адамс кој имаше сериозен проблем со алкохолот, а Ли Диксон, Пери Гроувз, Пол Мерсон и тренерот му досипувале. Пар такви собиранки завршиле со полиција и пријави.

Еднаш во Хонг Конг Реј Парлоу со соиграчите забегале во бандитски реон. Додека шетале видел дечко како копа под хаубата на автомобилот и му фрлил колаче. Следувала голема тепачка, соиграчите на Реј Парлоу избегале, а тој бил уапсен. После добил на суд казна од 280 фунти, од клубот бил казнет со двонеделна плата и 12.000 фунти за адвокат.

Со доаѓањето на Венгер овој клупски четврток за собиранки бил укинат. Кога играле на гости тренерот го следел однесувањето на сите особено на сомнителните играчи. Стоперот Мартин Кион се сеќава на еден настан:

„Кога Најџел Винтербрн имаше роденден, јас отидов кај тренерот да побарам да не пушти да прославиме зошто до следниот меч имаше две недели, дека не правиме никаков престап но Венгер одби. Му кажав дека тоа не ги спречува играчите да отидат во паб, но тој одговори дека сите мора да се вратат не покасно од 23 часот вечерта и јас сносам одговорност ако некој доцни“.

А на Парлоу еднаш Арсен Венгер му се заканил со казна од 30.000 фунти за голтка пиво.

„Летавме од Кардиф после финалето на ФА Купот (Арсенал го победи Челси со 2:0) и јас и побарав на стјуардесата пиво. Само што тргнав да се напијам голтка, се појави Венгер: „Никакво пиење“!

-Ама шефе зошто? Само што дадов гол во финале на Купот
-Никакво пиење. Голем меч не чека во среда на „Олд Трафорд“.

„Отидов на крај од авионот каде седеа моите родители и браќа и му реков: „Џими дај да се напијам“. И пак тргнав да се напијам голтка, ама Арсен ме виде уште пред да голтнам. „Ако те видам како пиеш, ќе платиш казна. Неделна плата за голтка пиво? Или 30.000 фунти да дадеш?“

Премногу беше. На „Олд Трафорд“ ја одиграв најдобрата партија. Во соблекувална отворивме шампањско, а Арсен ме потапка по рамо и ми рече: „Реј сакам да позборуваме“. Мислев дека е нешто страшно.

- Реј, ти денес одигра врвно. Знаеш зошто?
- Не, шефе. Зошто?
- Зошто не ти дадов да пиеш шише пиво во авионот.

29 јули 2020 - 13:47